30
Вто, Мај
MotoGP

Стонер: „Супо никогаш не ме разбра, ниту пак ме слушаше“

Стонер беше најуспешен на третиот ден од тестирањето притоа возејќи го мотоциклот на Ducati

Следете нè на:

 

„Ливио Супо никогаш не ме разбра, ниту пак ме слушаше.“ Ова го изјави MotoGP легендата Кејси Стонер за Италијанскиот магазин Gazzeta Dello Sport, веднаш по неодамнешниот тест на патеката во Сепанг. Се чини дека критиката кон Honda Racing нема да запре тука и може да слушнеме уште многу работи на оваа тема.

Иако враќањето на патеката на Кејси Стонер не беше онакво какво што очекуваа неговите фанови, неговиот настап со мотоциклот на Ducati, сепак беше успешен.

Стонер беше најуспешен на третиот ден од тестирањето притоа возејќи го мотоциклот на Ducati. Австралиецот дури не го ни возеше најновиот модел бидејќи првин сакаше да се навикне на моделот од сезоната 2015.

casey stoner 2016Џиџи Далиња и Кејси Стонер на Сепанг

Бидејќи помина повеќе од една година откако последен пат возеше официјален MotoGP мотоцикл, Стонер сакаше првин да види на каква основа Ducati го прават новиот модел.

И покрај тоа што Стонер изјави дека моќноста на машината е слична со последниот модел што го возел, електрониката и пневматиците се комплетно нови. Сепак тестот помина добро, а Стонер заедно со целиот тим беа повеќе од среќни со резултатите што ги постигнаа.

Слушнавме дека Кејси Стонер изјави дека HRC не го искористил доволно неговиот потенцијал. Затоа неговото ново тврдење дека Ливио Супо никогаш не го слушал ниту пак го разбрал не е некое големо изненадување.

casey stoner 16Стонер за време на тестирањето во Сепанг

Стонер тврди дека неговата работа како тест возач на Honda можела да даде многу подобри резултати ако тимот обрнел внимание на тоа што тој можел да го понуди.  Дури и додава дека понекогаш имал чувство  дека во Honda си мислеле дека тој сака повторно да се натпреварува а Супо понекогаш се однесувал како тој да има некоја скриена агенда.

Имаме чувство дека ова нема да биде последен пат како двократниот MotoGP шампион зборува за времето кое го поминал како тест возач во Honda.Единствената личност за која имал позитивно мислење од периодот кој го поминал таму, е потпретседателот на HRC, Накамото. 

 

comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме искрени, силниот звук од издувот нема да ве спаси ако лицето кое управува со нов автомобил го пуштил звучиот систем најгласно и гледа на својот телефон додека вози. Но не грижете се бидејќи Bosch развива систем кој ќе ги предупредува возачите.

Џонатан Реа стави крај на доминантната серија која Том Сајкс ја имаше на Донингтон Парк. Откако падна на првата, тој успеа да оствари победа на втората трка.

Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, беше дел од една несреќа која се случи минатата недела за време на тренингот во Мондавио, Италија.

Откако настапи со вајлд карта за Moto3 тимот на Red Bull KTM Ajo на патеката во Ле Ман, Дени Кент ќе се врати во Moto2 за трката во Муџело. Англичанецот ќе биде замена за повредениот Икер Лекуона во тимот Garage Plus Interwetten.

Марк Маркез се најде на врвот на дводневниот приватен тест кој се оддржа на патеката во Каталуња, Барселона. Во пресрет на трката која е закажана за следниот месец на истата патека, можноста за тренинг ја искористија речиси половина од MotoGP тимовите.

Многу возачи често возат со преголема брзина на улиците кога пристигнуваат на Isle of Man па организаторите на настанот одлучија дека е време за нова безбедносна кампања.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!