MotoGP

Стонер со најдобро време на првиот ден од второтo тестирање на Сепанг

thumb_PA1092804Кејси Стонер постави најдобро време на првиот ден од второто пред сезонско тестирање на патеката Сепанг во Малезија. Денешното тестирање започна во 10 часот по локално време, а заврши во 6 часот попладне..

Следете нè на:

 

PA1092804

Кејси Стонер постави најдобро време на првиот ден од второто пред сезонско тестирање на патеката Сепанг во Малезија. Денешното тестирање започна во 10 часот по локално време, а заврши во 6 часот попладне. Тестирањето беше прекинато во трање од еден час (помеѓу 2 и 3 часот) заради обилниот дожд кој паѓаше во Малезија, а потоа повеќето од возачите одлучија да го продолжат тестирањето на мократа патека.

На патеката беа присутни сите 12 возачи од фабричките и сателитски тимови плус возачите на „Forward Racing“ и „BQR“ ЦРТ тимовите. Најдоброто време му припадна на Кејси Стонер но тоа беше далеку зад она кое го постави на истата патека на првото тестирање (2-ри февруари) кое изнесуваше 1m 59.607s. На денешниот тест не настапи единствено Карел Абрахам кој беше присутен на патеката но не се одлучи да вози заради проблеми со грбот, повреда со која се здоби при приватното тестирање на патеката Херез пред неколку дена.

1. Casey Stoner AUS Repsol Honda 2m 1.761s (Кругови 8/16)
2. Dani Pedrosa ESP Repsol Honda 2m 2.005s (12/36)
3. Jorge Lorenzo ESP Yamaha Factory Racing 2m 2.436s (14/22)
4. Ben Spies USA Yamaha Factory Racing 2m 2.819s (12/31)
5. Alvaro Bautista ESP San Carlo Honda Gresini 2m 2.959s (15/24)
6. Nicky Hayden USA Ducati Team 2m 3.132s (21/44)
7. Cal Crutchlow GBR Monster Yamaha Tech 3 2m 3.213s (16/55)
8. Valentino Rossi ITA Ducati Team 2m 3.245s (22/27)
9. Hector Barbera ESP Pramac Racing 2m 3.612s (11/24)
10. Stefan Bradl GER LCR Honda 2m 3.820s (16/31)
11. Andrea Dovizioso ITA Monster Yamaha Tech 3 2m 3.830s (12/23)
12. Colin Edwards USA Forward Racing (Suter-BMW CRT) 2m 5.510s (25/25)
13. Franco Battaini ITA Ducati Test Rider 2m 5.563s (10/11)
14. Ivan Silva ESP Avintia (FTR-Kawasaki CRT) 2m 8.479s (28/32)
15. Yonny Hernández COL Avintia (FTR-Kawasaki CRT) 2m 8.767s (8/16)

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.