MotoGP

Стонер: Роси одби да се прилагоди на Ducati

И покрај тоа што го напушти спортот, Стонер сеуште има што да каже....

Следете нè на:

 

rossi-stonerРивалството не заврши со повлекувањето на Стонер

И покрај тоа што го напушти спортот, Стонер сеуште има што да каже....

Двократниот светски MotoGP шампион, Кејси Стонер кој го оваа година ќе вози во Австралискиот V8 шампионат со автомобили, продолжува со коментарите за неговиот поранешен ривал Валентино Роси - сугерирајќи дека Италијанецот му пришол на Desmosedici со погрешен став во текот на неговите две сезони во Ducati.

Во интервјуто за F1passion.it, Стонер изјави: „Најголема грешка му беше тоа што сакаше да го прилагоди D16 на неговиот стил на возење, а требаше да биде обратно. Јас се прилагодив на моторот, а Ducati направи толку многу промени за Роси.“

Тој исто така не беше импресиониран од стартот на Роси во Yamaha. „Тој не е најбрз, а тоа не е прв пат. Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и јас постојано го покажувавме тоа. Сепак и покрај тоа Валентино е брз и има големо искуство.“

Стонер го напушти MotoGP шампионатот минатата година на релативно млада возраст. Имаше само 27 години.

 

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!