На патеката Суго во Јапонија, двократниот светски шампион во МотоГП, Кејси Стонер, изврши успешен тродневен тест за потребите на HRC тимот.

Casey-Stoner-HRC-test-2014-Honda-RCV1000R-RC213V-05

На патеката Суго во Јапонија, двократниот светски шампион во МотоГП, Кејси Стонер, изврши успешен тродневен тест за потребите на HRC тимот.

За разлика од претходниот обид за тестирање, овојпат временските услови беа одлични и тестирањето на различните компоненти помина во најдобар ред. Патеката со должина од 3737 метри се покажа како совршена за тест на постоечкиот RC213V како и за прототип машината RC213V која ќе се вози во 2014 година. Стонер за жал немаше доволно време да го тестира новиот „Production Racer“ на Хонда со кој следната сезона во МотоГП ќе се натпреваруваат сегашните „CRT“ тимови.

Casey-Stoner-HRC-test-2014-Honda-RCV1000R-RC213V-23

Ова беа прекрасни три дена во кои имавме доволно време за возење иако многу рано се стемнува и станува ладно. Имавме навистина збиен распоред во кој требаше да се тестира сегашниот модел, а потоа и новиот мотор за следната сезона. Двете машини имаат свои предности, па целта беше да ги разбереме подобро технологиите и да ги издвоиме добрите работи. Ни беше потребно повеќе време бидејќи немавме резултати за споредба од патеката Суго, ова е наш прв тест на оваа патека, но задоволни сме што не бевме прекинати од дождот.Кејси Стонер

Casey-Stoner-HRC-test-2014-Honda-RCV1000R-RC213V-12

Back To Top