Кејси Стонер ја остави отворена можноста еден ден да се врати во MotoGP и покрај тоа што го потврди неговиот премин во V8 supercars шампионатот во сезоната 2013.

stoner-v8

Кејси Стонер ја остави отворена можноста еден ден да се врати во MotoGP и покрај тоа што го потврди неговиот премин во V8 supercars шампионатот во сезоната 2013.

Кејси Стонер призна дека постои можност еден ден да се врати во MоtoGP, иако потврди дека ќе се префрли во трки на четири тркала во 2013 година.

Двократниот MotoGP шампион, кој се пензионираше од натпреварувањето на крајот на сезоната 2012, го обелодени неговиот премин во V8 Supercars трките во следната сезона. 27 годишниот натпреварувач ќе вози Holden Commodore вo V8 развојната серија.

Стонер го најави напуштањето на MotoGP  шампионатот во мај минатата година. На прес конференцијата која се одржа пред трката во Франција минатата година, Стонер изјави дека веќе не чувствува пасија кон спортот и дека ќе се повлече.

Потврдувајќи го својот премин во V8  серијата во интервју за Sunday Telegraph, Стонер ја повтори причината зашто го напушта светот на моторциклите, иако потврди дека еден ден би можел да се врати.

Повредите не беа причина зошто се повлеков, ниту пак дека сакам да пробам нешто ново. Ни фамилијата не беше дел од тоа. Едноставно, немам повеќе љубов за спортот. Немаше доволно почитување од луѓето поврзани со спортот и не ми се допаѓаше насоката по која се движеше. 

Навивачите не плукаа, пробуваа да не турнат од скутерите додека одевме кон гаражите и други слични такви работи. Не им се допаѓаше мојата искреност. Тоа беше еден дел од причината зашто се повлеков но поголем дел беше насоката по која се движи спортот.

Загубивме еден возач пред две години (Марко Симончели), и за еден месец како ништо да не се случило. Тие сакаат да видат опасно возење, а не сфаќаат дека нашите животи се во опасност. Станавме марионети во тој свет.

Немам никаква намера да се вратам наскоро во тој спорт. Но доколку тој драматично се смени и стане интересен, тогаш постои можност да се вратам. 

изјави Стонер
Back To Top