22
Саб, Јул
MotoGP

Се засилуваат шпекулациите околу преминот на Лоренцо во Ducati

Секоја година во MotoGP се појавуваат шпекулации околу тоа каде одреден возач ќе настапува следната сезона. Оваа година тие се особено интересни бидејќи на голем дел од возачите им истекува договорот.

Следете нè на:

 

Секоја година во MotoGP се појавуваат шпекулации околу тоа каде одреден возач ќе настапува следната сезона. Оваа година тие се особено интересни бидејќи на голем дел од возачите им истекува договорот.

Веќе знаеме дека Валентино Роси го продолжи договорот со Yamaha за уште две сезони. Веројатно ова ќе му биде последниот договор на „Докторот“ бидејќи многумина очекуваат тој да се пензионира за две години.

Исто така знаеме и дека Бредли Смит потпиша двогодишен договор со KTM, што веројатно претставува одлично решение како за Австрискиот тим така и за Британскиот возач.

Каде ќе заврши Лоренцо?Каде ќе заврши Лоренцо?

Тие секако се важни делови од MotoGP сложувалката, но она што сите ги интересира е каде следната сезона ќе вози Хорхе Лоренцо, дали ќе остане во Yamaha или ќе замине во друг тим, веројатно во Ducati.

Уште од крајот на минатата сезона, се појавија големи шпекулации околу неговата иднина. Не е никаква тајна дека Лоренцо и Роси не се сложуваат, но дали е тоа доволно за Лоренцо да си замине?

Yamaha YZR-M1 уште некое време ќе остане еден од подобрите мотоцикли на патеката. Одличен е при влегување во свиоци, а исто така има и добра брзина. Yamaha сака да го задржи трикратниот шампион, бидејќи во моментов, тој веројатно е најдобриот возач. А и неговиот стил одлично одговара на YZR-M1.

Лоренцо честопати изјавувал дека планира засекогаш да остане возач на Yamaha, а и тимот сака да го задржи. Оттаму велат дека му понудиле нов договор на Лоренцо за време на трката во Катар, во исто време кога му бил понуден нов договор и на Роси. Но сепак, шпанецот се уште се двоуми околу неговата иднина.

Не е никаква тајна дека Ducati посакува да го види Лоренцо во својот тим. Дури постојат и гласини дека тие веќе му имаат понудено договор. Дури и Џакомо Агостини, бренд амбасадорот на Yamaha, неодамна изјави дека Ducati му понудиле одличен договор на Лоренцо.

Други лица пак тврдат дека Ducati му понудиле договор вреден 11 милиони евра и дека Лоренцо веќе потпишал за нив. Дали овие гласини се точни веројатно за ова ќе дознаеме наскоро.

Преминот во Ducati секако дека ќе биде ризичен за Лоренцо. Многумина ќе се сложат дека Yamaha е вистинското место за него доколку сака да освои уште некоја титула.

Но се чини дека Ducati Desmosedici GP ветува многу. Во моментов, овој мотоцикл е веројатно најбрз, барем на правите делови. Преминот во Ducati не е толку опасен за возачите во моментов, но сепак постои ризик.

Неодамна за време на една прес конференција, Роси изјави дека за премин во Ducati е потребна голема храброст, со тоа сугерирајќи дека ако неговиот колега од Yamaha не премине во Ducati, тоа е поради страв.

После долго време, Ducati повторно имаат мотоцикл способен да го освои MotoGP шампионатот, но сепак му недостасуваат возачи кои се способни за тоа.

Голема надеж има во Андреа Јанон. Но сепак на Италијанецот му треба искуство за да биде вистински шампион. Андреа Довициозо веројатно ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

Поради тоа, главна цел на Ducati во моментов е да обезбеди врвен возач за следната сезона, некој што постојано ќе му обезбедува на тимот место на подиумот. Листата на возачи способни за такво нешто е мал, а најдобар избор на Италијанскиот тим е Хорхе Лоренцо.

Времето ќе покаже дали интересот на Лоренцо за Ducati е вистински или само се обидува да добие повеќе пари од Yamaha.  

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!