21
Пон, Авг
MotoGP

Роси: Вињалес или Педроса, мене не ми прави разлика

„Мене не ми прави голема разлика: Имам одличен однос со Педроса и со Вињалес“- Валентино Роси

Следете нè на:

 

Валентино Роси вели дека не му прави никаква разлика кој ќе му биде следен тимски колега во тимот на Yamaha. Дани Педроса и Маверик Вињалес се двајцата возачи кои се поврзани со тимот.

Има големи шпекулации за можен премин во Yamaha на долгогодишниот возач на тимот на Honda Дани Педроса. И Роси потврди дека еден од двајцата Шпански возачи ќе биде најверојатен наследник на Хорхе Лоренцо, кој од следната сезона ќе настапува за тимот на Ducati.

rosi tmski kolegaНа Роси не му е важно кој ќе му биде клубски колега

„Овие денови има многу гласини околу Педроса. Mоvistar сака Шпанец да биде втор возач и мислам дека изборот ќе биде меѓу Педроса и Вињалес,“ изјави Роси.

„Не знам кој има поголеми шанси, но мене тоа не ми прави никаква разлика. Тие се двајца различни возачи. Педроса е многу силен и брз и веќе го има покажано својот потенцијал. Но тој исто така е и малку постар. Вињалес е голем талент, но нема големо искуство во MotoGP.“

„Мене тоа не ми прави голема разлика. Имам одличен однос со Педроса и со Вињалес.“

Роси, кој имаше одличен настап на трката во Херез, сега е целосно фокусиран на трката која ќе се оддржи овој викенд во Ле Ман. Во изминативе две сезони, тој го освојуваше второто место на трката.

„Тоа е тешка патека и не знаеме какво ќе биде времето бидејќи тоа постојано се менува. Во изминативе две сезони имав две добри трки. Не успеав да победам, два пати бев на второто место, но бев навистина брз. Ќе работам напорно за да видам како се однесуваат пневматиците на Michelin на асфалтот.“

„На трката има многу кочење па затоа мора да имаш добар баланс. Исто така има и тешки свиоци.“

 

comments

Би можело да ве интересира

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!