По вчерашниот инцидент за време на тренинг со ендуро мотоцикл, Валентино Роси се здоби со скршеница на десната подколеница.

По вчерашниот инцидент за време на тренинг со ендуро мотоцикл, Валентино Роси се здоби со скршеница на десната подколеница.

Веднаш по незгодата тој беше префрлен во болницата во Урбино, од каде по дијагнозата беше префрлен во болницата во Анкона.

Познатиот италијански доктор Рафаеле Паскарела го оперираше деветкратниот МотоГП шампион помеѓу 2 и 3 часот по полноќ. Операцијата поминала успешно, скршениците се фиксирани со метални држачи и целиот зафат поминал во најдобар ред.

Според најавите од тимот, за кусо време ќе следува уште еден извештај за периодот кој ќе му биде потребен на Роси за заздравување, тој пак изјави:

„Операцијата помина одлично, утринава кога се разбудив веќе се чувствував добро. Би сакал да им се заблагодарам на вработените во болницата во Анкона, а посебно на Д-р. Паскарела. Навистина жалам за инцидентот. Сега сакам што е можно побрзо да се вратам на мотоциклот. Ќе направам се што можам да го остварам тоа!“

Back To Top