Благодарение на добриот настап на вториот дел трката во Брно, Валентино Роси успеа да ја поправи грешката која ја направија тој и неговиот тим откако не успеаа навреме да го променат мотоциклот.

Благодарение на добриот настап на вториот дел трката во Брно, Валентино Роси успеа да ја поправи грешката која ја направија тој и неговиот тим откако не успеаа навреме да го променат мотоциклот. „Овој дел баш и не ми е јака страна,“ призна Италијанецот.  По завршувањето на трката Роси призна дека тој и неговиот тим испаднале магариња бидејќи не му сигнализирале кога да влезе во боксот.

IMGP7196

Роси возеше со пневматици за дожд на патека која веќе почнуваше да се суши, остана да вози така се до крајот на петиот круг и загуби драгоцено време во однос на Марк Маркез (кој се реши на промена во вториот круг) и Дани Педроса и Маверик Вињалес (кои заминаа во боксот во четвртиот круг). На почетокот се чинеше дека ова многу ќе го чини Италијанецот. Веќе во шестиот круг тој беше на четиринаесетата позиција но на крајот сепак успеа да се искачи до четвртото место.

„Среќен сум овој пат бидејќи обично јас сум тој што прави грешки. Денеска сите испаднавме магариња. Но немавме ни среќа. Секогаш е тешко да се вози на вакви услови, а особено со „Flag to flag.“ Овој вид на тркање не ми е најјака страна. Завршив на четвртото место но сметам дека пред да се пензионирам ќе постигнам и подобар резултат на некоја ваква слична трка. На крајот резултатот и не е толку лош. Се подобривме во споредба со последната ваква трка. Мисам дека на целосно сува или влажна патека можам да се борам за првото место.“

„Трката беше напорна. Притискав уште од самиот старт па се до крајот. Штета што не успеавме да освоиме повеќе поени но и вакви работи се случуваат. Со оглед на околностите и четвртото место не е лошо. “

На прашањето зошто не замина во боксот кога виде дека тие пневматици не одговараат, Роси изјави: „Прво, има голема разлика во споредба со минатата сезона бидејќи тогаш патеката не се исуши. На крајот завршивме со пневматици за мокро. Знаевме дека и оваа сезона може да имаме „Flag to flag“ но не очекував тоа да се случи уште од првиот круг. Се обидов да притиснам најмногу што можам со мазните пневматици, да направам поголема разлика.“

Оваа трка беше многу слична со онаа која се возеше во Германија минатата сезона и во која Маркез возеше со мазни пневматици. Сепак Роси вели дека имало една разлика: „Минатата сезона тој не го послуша советот од тимот додека пак овој пат наредбата не стигна на време. Се договоривме со тимот да ми дадат знак кога да влезам во боксот. За жал тоа стигна доцна. Но како и да е, четвртото место е подобро од осмо. Исто така и уживав во трката. Имаше вистинска борба.“

Италијанецот во моментов се наоѓа на четвротото место во шампионатот со заостанување од 22 поени зад лидерот Марк Маркез.

Back To Top