„Никогаш не бев дел од борбата за титулата. Направив премногу грешки и загубив многу поени во Мугело“ - Валентино Роси

Валентино Роси призна дека во никој случај не можел да го стигне Андреа Довициозо за време на нивниот дуел на трката во Малезија.

Со тој резултат, низата без победа на Yamaha се зголеми на девет трки. Роси сепак е задоволен бидејќи успеа да го обезбеди второто место во шампионатот.

Италијанецот, кој стартуваше од втората позиција веднаш зад Довициозо, после првите неколку свиоци го загуби местото и се најде подолу меѓу возачите.

Cv 67wPVMAAqTeO

„Стартот не беше толку лош, но после првите неколку свиоци ме претекнаа. Но бев добар на деветиот свиок. Мислам дека првите неколку круга беа интересни за гледање.“

Роси потоа поголем дел од трката го мина зад Андреа Јанон. И покрај тоа што имаше неколку обиди да го претекне, на крајот Јанон сепак излегуваше пред него.

„Имав тешка борба со Јанон бидејќи тој никогаш не се откажува. Тој беше многу брз и возеше одлично. Кога конечно успеав да го претекнам, се чувствував добро и имав мала предност. Во тој момент, мислев дека можам да дојдам до победата.“

Но Роси сепак мораше да се бори и со тимскиот колега на Јанон, Андреа Довициозо, кој ги следеше првите двајца возачи. Возачот на Ducati за кратко време успеа да му се доближи на Роси, кој направи грешка на првиот свиок. Довициозо успеа да го претекне и да направи предност.

„Бидејќи имаше помалку вода на патеката, почнаа да ми се појавуваат проблеми со пневматиците, особено со предната гума,“изјави Роси. „Направив мала грешка но ја немав и истата брзина како и Андреа.“

„Тој беше побрз а јас не сакав да направам грешка и да испуштам 20 поени. Штета, бидејќи сакав да победам, но задоволен сум и со второто место.“

ros 11

Роси сега и дефинитивно не може да биде престигнат од тимскиот колега Хорхе Лоренцо во борбата за второто место во генералниот пласман.

„На крајот, задоволен сум од резултатот. Кога имате можност да освоите поени морате да го направите тоа. Ако направев грешка денеска, Хорхе ќе завршеше на второто место и на трката во Валенсија ќе имав предност од само 4 поени. А на таа патека Хорхе е секогаш брз.“

Во однос на актуелната сезона во која тој е далеку поконкурентен во однос на брзината во споредба со минатата година, Роси изјави:

„Задоволен сум бидејќи освоивме многу места на подиумот. Мојата брзина беше добра и бев компетитивен. Но сепак не сум целосно задоволен бидејќи, на крај, никогаш не бев дел од борбата за титулата. Направив премногу грешки и загубив многу поени, особено на патеката во Муџело.“

„За да бидам целосно задоволен сакам да се борам за титулата. Оваа сезона Маркез имаше голема предност.“

Роси досега во шампионатот постигна две победи и освои десет места на подиумот, а минатата година освои 4 победи и 15 места на подиумот. Голема разлика прави фактот дека минатата сезона, Роси освои поени на сите трки. Оваа година тој не успеа да освои поени на 4 трки, односно потенцијални 100 поени.

Маркез, кој има предност од 42 поени пред Роси, оваа сезона не успеа да заврши само една трка, а на други две освои малку поени.

Back To Top