Напорната работа се исплатеше за Валентино Роси

Валентино Роси успешно го заврши првиот слободен тест. Тој успеа да постигне второ најбрзо време по 17 извозени кругови.  Веднаш штом неговите пневматици ја добија потребната температура, Роси притисна и во последниот круг успеа да го постигне своето најдобро време. Иако неговото време постепено се подобрувше, неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо, сепак беше побрз. Но Роси не беше фокусиран само на брзината. Тој исто така работеше и на балансот на неговиот мотоцикл.

46 rossil75 2793 0.big

Денеска, возачите од MotoGP шампионатот ќе настапат на FP2 и FP3. Оние возачи кои нема да се најдат меѓу најдобрите десет, ќе мора да возат низ тешката прва квалификациска сесија.

„Првиот тренинг беше позитивен. Навистина сум задоволен. Ова е добар начин да се почне сезоната. Второто место е добро.  Ќе продолжиме да работиме напорно. Остваривме добра работа за време на претсезоната и ќе продолжиме да работиме на таа основа. Но сега мораме да бидеме фокусирани. Состојбата на патеката се менува од сесија во сесија.  Заедно со тимот ќе мораме добро да се подготвиме за кога ќе биде подобра патеката. Ќе се обидам да ја донесам висинската одлука околу пневматиците.“Валентино Роси

Распоред за денеска:

Moto GP Qatar  SportKlub 3, Петок (18.03.2016)
16:00 Тренинг 2 Moto GP во живо
17:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
17:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
18:55 Тренинг 3 Moto GP во живо
Back To Top