„Може да врне, честопати е ладно. Има многу фактори на кои мора да внимаваш“ Валентино Роси

Свеж после првата остварена победа во Michelin/ ECU ерата, Валентино Роси заминува на патеката во  Ле Ман во обид да им одземе дополнителни поени на фаворитите Хорхе Лоренцо и Марк Маркез.

Сите тројца имаат остварено победи во новата сезона, но тимските колеги од Yamaha, Роси и Лоренцо исто така имаа и проблеми. Тоа му помогна на Маркез да направи предност од 17 поени во однос на Лоренцо и 24 поени од Роси.

rossi leman 16

Прв приоритет на Италијанецот на трката во Ле Ман ќе биде да го повтори истиот настап што го имаше во Херез.

„Ле Ман е патека на која YZR-M1 вообичаено е добар. Лошата страна на Ле Ман е времето, никогаш не можете да предвидите какво ќе биде. Може да врне, а честопати знае да биде и ладно. Има многу фактори на кои мора да внимаваш“ изјави Роси.

„Минатата сезона имав добар настап но не успеав да го победам Хорхе. Ќе се обидам оваа година.“

„Прво, ќе го почнеме викендот на истиот начин како што го почнавме и во Херез. Таму најдовме добра основа и тоа ни помогна да имаме одлична трка. И во Ле Ман ќе го дадеме најдоброто од нас.“

На патеката во Ле Ман, Роси досега има остварено три победи, во 2002, 2005 и во 2008 година. На второто место завршуваше во 2003, 2010, 2012, 2014 и 2015, а на третото место во 2000, 2001 и 2011.

Минатата сезона на истата трка, „Докторот“ заостануваше 3.820 секунди зад Лоренцо.

Back To Top