Откако ризикуваше со сетапот во неделата, Валентино Роси се врати на претходните сетинзи но проблемот со пневматиците остана ист.

Ниту поцврстиот состав на предниот пневматик на мотоциклот на Валентино Роси не успеа да ја промени неговата среќа на трката во Херез. На тестот кој се оддржа во понеделникот веднаш после трката, тој повторно ги имаше истите проблеми.

Откако направи радикална промена во неделата, следниот ден Роси се врати на конвенционалните сетинзи. Но сепак, резултатите повеќе или помалку останаа исти.

rosi problem gum

На тестот, лидерот на табелата заврши на 21-то место, а неговиот најбрз круг беше за 1.8 секунди побавен од времето кое го постигна неговиот тимски колега, Маверик Вињалес.

Фрустрациите кај Роси беа очегледни особено ако се земе во предвид и фактот дека ја испроба и новата шасија на Yamaha како и поцврстиот преден пневматик со кој настапи на трката во Валенсија минатиот ноември.

Дури и после дополнителниот тренинг, Роси не успеа да го подобри мотоциклот. „Пробавме нешто различно во сетинзите но за жал тоа не ни успеа на трката,“ изјави Роси. „Денеска пробавме нешто ново но и тоа не успеа. Но сепак на тестот откривме дека треба да го подобриме мотоциклот при влегување во свиок.“

„За мене овој викенд беше тежок бидејќи мотоциклот немаше добар однос со пневматиците. Ова е најголемиот проблем. Научивме и некој работи, но сепак, на крај, чувството остана исто.Се надевам дека на трката во Ле Ман, мотоциклот ќе биде подобар.“

Италијанецот се уште не може да разбере зошто мотоциклот се однесува така при помала брзина кога тој одлично функционираше минатата година на трката во Андалузија.

„Викендов воопшто не бевме силни, а пред да почне тркате се обидовме да промениме нешто. Но за жал тоа не успеа. Ако возам со нормалниот сетинг мислам дека ќе постигнам подобар резултат.“

На прашањето дали на мотоциклот му е потребен нов сетап или пак нови компоненти за да се реши проблемот, Роси изјави: „Мислам дека за на краток рок, можеме да промениме нешто во сетапот. Но сепак ни е потребно нешто поразлично. Искрено не знам што е тоа, но се чини дека е потребно нешто повеќе внатре во мотоциклот.“

Back To Top