24
Вто, Јан
MotoGP

Роси: морам да бидам побрз доколку сакам да се борам за титулата

Валентино Роси е задоволен што ги подобри шансите за титула со освоеното трето место на трката во Германија, но призна дека мора да биде побрз доколку сака да ја освои титулата.

Следете нè на:

 

ValentinoRossiMotoGpGermanyQualifyingz40hFS5vPjoxРоси е свесен дека треба да биде многу побрз доколку сака да се бори за титулата

Валентино Роси е задоволен што ги подобри шансите за титула со освоеното трето место на трката во Германија, но призна дека мора да биде побрз доколку сака да ја освои титулата.

И покрај тоа што го освои само третиот подиум оваа сезона, Валентино Роси призна дека очекувал подобра трка.

Пристигнувајќи во Германија со освоено место на подиумот на трката во Асен, нова добра трка се очекуваше од Роси особено по отсуството на Дани Педроса и Хорхе Лоренцо. Иако на почетокот беше конкурентен со Марк Маркез и Штефан Брадл, на крајот сепак се оддалечи.

Роси е задоволен од освоените поени но изјави дека треба да биде побрз доколку сака да се бори за титулата.

„Остваривме добар резултат. Да се биде на подиумот е секогаш добро но очекував дека ќе имам подобра трка. За време на викендот направивме неколку промени. Вчера решивме да го подготвиме мотоциклот на еден начин и денес после само неколку кругови почнав да имам проблеми.”

„Првите десет круга не беа толку лоши но потоа започнаа проблемите и беше премногу тешко да се врти мотоциклот, особено на левата страна. Мораме да работиме напорно. Сега ќе заминеме во Лагуна и ќе се обидеме да постигнеме подобри резултати таму.”

„Ние сме пет многу брзи возачи и сега сме многу блиску бидејќи Дани и Хорхе се повредени, а ние имаме уште една трка следната недела. Доколку сакам да се борам за титулата морам да бидам побрз и морам да одам чекор погоре.”

Прашан дали има некаков план, Роси одговори:

„Да имаме план. Искрено, малку ја одложивме нашата програма. По две тешки сезони, морам да го вратам моето чувство со овој мотоцикл и да работам секој ден за да се подобрам. Сеуште не сум на 100% но тоа е нормално. Шампионатот е долг и имаме неколку идеи.”

Извор: Crash.net

 

comments

Би можело да ве интересира

Хорхе Лоренцо за прв пат отворено зборува за своето досегашно искуство како возач на Ducati MotoGP.

Оваа интернет страна им овозможува на сопствениците на мотоцикли да можат да ги изнајмат на други лица за многу помала цена.

MotoGP екипата на Дукати го претстави својот тим за сезоната 2017.

ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.

Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!