Многу ми се допаѓа ставот на Маркез, изгледа како да сака да го освои шампионатот во неговиот прв обид.

rossi-marquez

„Многу ми се допаѓа ставот на Маркез, изгледа како да сака да го освои шампионатот во неговиот прв обид.“

Импресивните перформанси на  дебитантот во MotoGP Марк Маркез, на првото тестирање во Сепанг, го потврдија мислењето на Валентино Роси дека Moto2 шампионот може да се бори за победа уште во првата трка.

Но, набљудувајќи го Маркез на тестирањето вчера, Роси додаде и дека шпанскиот тинејџер изгледа како да има уште поголема цел.

Сметам дека Маркез ќе може да се бори за победа уште од стартот на сезоната. Многу ми се допаѓа неговиот став, изгледа како да сака да го освои шампионатот во неговиот прв обид. Тоа е добро. Се надеваме дека ќе направи грешки поради недостаток од искуство, но доколку не направи грешки, тој ќе биде многу силен. изјави седумкратниот MotoGP шампион, Валентино Роси.

Маркез, кој го замени пензионираниот Кејси Стонер во Репсол Хонда, го заврши првиот и вториот ден од тестирањето на трето место, со заостанување помало од половина секунда зад неговиот тимски колега Дани Педроса.

Роси, кој го извозе првиот круг откако се врати во Yamaha зебележа трето време на последниот тренинг, претходно беше четврти, а неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо заврши на второто место.

Back To Top