„Лоренцо ќе биде подготвен да се обиде и да победи во Катар...Нема да се изненадам ако утре Маркез стави нови гуми и ни направи неколку секунди разлика..“ - Роси

Валентино Роси за време на дво дневниот тест во Сепанг го подобри своето време по извозен круг како и својата позиција.

Италијанецот заврши со четврто најдобро време а второ најдобро во тимот на Yamaha зад тимскиот колега Маверик Вињалес и имаше заостанување од 0.8 секунди зад возачот на Suzuki Андреа Јанон.

„На крајот, ова беше добар ден бидејќи утрово загубивме многу време чекајќи да се подобрат условите на патеката,“ изјави Роси. „Извозевме повеќе од 50 кругови. Имавме некои важни работи што требаше да ги пробаме  и повеќе или помалку се беше навистина позитивно. Моето темпо беше навистина добро и на крајот дури се обидов и да претекнам.“

rossi 1b

Иако новите додатоци кои се дизајнирани да ги заменат крилцата привлекоа најмногу внимание, според Роси, работата на новата M1 рамка игра поголема улога.

„Новата рамка е поважна од додатоците. Добра е, ми се допаѓа. Се уште не сме одлучиле но првата импресија беше позитивна,“ изјави Роси.

„Послесно е вака да се вози мотоциклот. Се обидовме да имаме полесен мотоцикл и особено во текот на вториот дел од трката помалку да ги оптеретуваме пневматиците. Се чувствувам добро. Утре ќе продолжиме со споредба на шасиите.“

Со оглед на фобрата форма, Роси беше прашан и дали би можел да го искористи тоа за да ги победи Хорхе Лоренцо и Марк Маркез. Неговиот поранешен тимски колега ја подобри својата позиција и од седумнаесетото место се искачи на осмата позиција а актуелниот шампион Марк Маркез заврши како десети.

„Сигурен сум дека Лоренцо ќе биде подготвен да се обиде и да победи во Катар бидејќи и денеска тој беше навистина брз. Имаше добри кругови. Во однос на Honda, а посебно Маркез, мораме да почекаме до утре бидејќи денеска настапи со веќе употребени пневматици.Но нема да бидам изненаден ако утре со нови пневматици ни направи разлика од неколку секунди.“

„Среќен сум за нас, мотоциклот е добар. Убаво изгледа и чувството на него е добро. Се чини дека и на правец не е толку лош. Имаме добар потенцијал оваа сезона.“

Роси додаде и дека денеска не ги пробал новите пневматици на Michelin.

„Одличивме да ги пробаме утре. Според другите возачи знам дека предниот пневматик е добар. Се надевам дека условите на патеката ќе бидат добри.“

Back To Top