Валентино Роси смета дека финалните резултати од тестот во Сепанг покажуваат дека ќе има многу изедначена сезона

Валентино Роси смета дека ќе има многу изедначена борба во новата сезона откако шест од најдобрите возачи имаа заостанување од само 0,26 секунди во однос на Маверик Вињалес кој го постигна најдоброто време на тестот кој се одржа во средата.

Италијанецот во средата го имаше петтото најбрзо време, 1 минута и 59.5 секунди. Според Роси, резултатот воопшто не бил лош со оглед на временските услови во Малезија.

Во текот на трите дена, Роси тестираше голем број на нови делови, вклучувајќи нова шасија и додатоци кои во поголем случај донесоа позитивни резултати.

Сепак, во однос на резултатите кои ги постигнаа неговите конкуренти, особено Маверик Вињалес и возачите на Repsol Honda и Ducati, Роси смета дека треба да се биде внимателен.

rossi 17 1a

„На крајот тестот беше позитивен бидејќи времето кое го извозев по круг беше добро,“ изјави Роси кој се жалеше на главоболка.

„Моето финално време од 1 минута и 59.5 секунди не е толку лошо. Многу сме блиску. Најдовме неколку добри работи на мотоциклот. Особено попладнево повеќе работевме на новата шасија и морам да признаам дека чувството е добро. На крајот најдовме нешто што можеме да го подобриме.“

„Ова беше напорен тест бидејќи беше многу долг но најдовме некои позитивни работи. Поголемиот дел од новите работи се добри. Проблемот е во тоа што првите возачи се многу блиску и многу брзи. Во секој поглед. Мислам дека ќе има многу изедначена борба.“

Роси не сакаше да даде конкретен одговор на прашањето кои се позитивните работи кај новите додатоци и новата шасија на Yamaha.

„Искрено, нема голема разлика, но ми се допаѓа. Исто така е и многу убава.“

„Ги пробав и новите пневматици но и кај нив нема некоја голема разлика.“

На првиот ден од тестовите Роси заврши на осмото место, на вториот ден беше четврти, а последниот ден од тестирањето го заврши на петото место. Сето ова ни сугерира дека тој повторно ќе се бори за титулата.

Back To Top