28
Вто, Фев
MotoGP

Роси: Јас завршив повеќе од валканата работа отколку Лоренцо

„Јас завршив повеќе од валканата работа во споредба со него, извозев и повеќе кругови. Тој се концентрираше повеќе на перформансите.  Но во секој случај, времето кое го постигна е импресивно,“ изјави Валентино Роси.

Следете нè на:

 

Валентино Роси имаше уште еден импресивен настап откако заедно со својот тимски колега Хорхе Лоренцо ги освоија првите две места на последниот ден од тестот во Сепанг. Роси постигна време од 2м 00.556с, што е за девет десетинки послабо од времето на актуелниот шампион, а вкупно четврто најдобро време на тродневното тестирање. Но Роси сепак е свесен за разликата меѓу него и неговиот тимски колега.

rossi test sepang 2016 7Валентино Роси е задоволен од првиот пред сезонски тест

„Хорхе се чувствува многу добро со новите пневматици и новиот мотоцикл. Притискаше повеќе и извозе подобро. Но ова е само прв тест. Искрено, јас завршив многу повеќе од валканата работа во споредба со него, извозев повеќе кругови. Тој се концентрираше повеќе на перформансите. Но во секој случај, времето кое го постигна е импресивно,“ изјави Валентино Роси.

„Сите ние останатите возачи сме позади него. Мораме да се доближиме. Тој е добар во секој поглед, знае кога да притисне на сопирачката и знае брзо да влезе во свиок.  Во овој момент, тој е во добра кондиција и одлично го вози мотоциклот.“

„Пневматиците се многу слични на Bridgestone, но сепак има разлика. Но сепак, чувството е слично како минатата година“ додаде Роси.

„Страничниот дел е малку подобар, а предниот е малку полош во споредба со Bridgestone. Но се е во однос со распоредот на тежината на мотоциклот и начинот на кој правиш да функционира пневматикот. Затоа е важно да се разбере.“

Роси е импресиониран од промените кои се воведени оваа сезона, пред се од ECU како и од пневматиците од Michelin. На прашањето уште колку долго планира да се трка, тој изјави дека планира да остане во MotoGP се додека има сила да се бори за врвот.

„Големо е задоволството да се биде на врвот и тоа е мојата цел, бидејќи исто како и во 2014 година, тестот и првата половина од сезоната ќе ми бидат важни за да разберам дали имам доволно потенцијал за да продолжам.“

„Добро е што завршив на второто место тука и сакам да продолжам. Но ќе го сторам тоа само ако можам да се борам за висока позиција.“

„Среќен сум во однос на сите тестови. Исто така среќен сум бидејќи денеска завршивме одлична работа и пробавме многу различни работи. Мислам дека собравме важни информации за да го подобриме мотоциклот, а исто така и постигнав време од 2'00.5, што воопшто не е лошо.“

„Мораме многу да работиме. Ќе се обидеме уште еднаш да бидиме подобри од модифицираната RC213V 2016 на Филип Ајленд, бидејќи новиот мотоцикл не беше толку лош на крајот. Освн тоа, Yamaha заврши одлична работа со електрониката, а Michelin заврши добра работа со предниот пневматик.“

Поранешниот ривал на Роси, Кејси Стонер, беше импресивен на патеката во Сепанг во неговата нова улога како тест возач за тимот на Ducati. Последниот ден од тестирањето, Стонер со својот Desmosedici GP15 го заврши на петото место и се најде пред неколку добри возачи како што се Дани Педроса, Андреа Јанон и Андреа Довициозо.

Прашан дали е срамота за возачите кои се најдоа позади Стонер, Роси избегна да даде одговор и само кратко изјави дека не знае. Но сепак, тој додаде: „Добро е да се види вакво време. Ова е одлично за шампионатот. Нивото е веќе високо. Стонер се уште има потенцијал и беше навистина брз.“

Мотоциклот на Роси беше малку променет во споредба со минатата сезона, од тимот поставија додатоци налик на крилца, но сепак деветкратниот шампион не беше во можност да ги каже предностите од овие промени.

„Се обидов и интересно е бидејќи тие прават различни додатоци во форма на крила. Но не осетив никаква разлика и повеќе сакам мотоцикл без такви делови,“ изјави тој.

comments

Би можело да ве интересира

Минатиот пат кога пишувавме за „Rain Pal“ тоа беше само еден проект на кој му требаа финансии. Ако мислевте дека нема да успее и несакавте залудно да си ги потрошите парите сега ќе можете да си купите една ваква кацига бидејќи компанијата започна со сериско производство.

Марк Маркез вели дека повредата која ја претрпе на приватниот тест во Херез не е сериозна. Тој уште еднаш го повреди рамото, нешто што досега неколкупати му се има случено во текот на кариерата.

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!