22
Саб, Јул
MotoGP

Роси и Маркез си разменија комплименти

Дека Валентино Роси и Марк Маркез се меѓусебни фанови е добро познат факт. Италијанецот често го споредува MotoGP дебитантот со него кога бил на помлади години.

Следете нè на:

 

rossi-sepang2Валентино Роси на вториот тест на Сепанг

Дека Валентино Роси и Марк Маркез се меѓусебни фанови е добро познат факт. Италијанецот често го споредува MotoGP дебитантот со него кога бил на помлади години.

За време на последниот ден тестирање во Сепанг, двајцата возачи се бркаа меѓусебно, и иако тоа не беше вистински дуел – а се надеваме дека ќе видиме повеќе такви ситуации во текот на сезоната – двајцата возачи научија повеќе еден за друг.

Маркез изјави за новинарите дека и покрај тоа што возеше позади Роси само три круга, научил многу од MotoGP ветеранот. „Многу бев среќен за тоа иако на почетокот беше малку чудно.  Најпрвин тој беше напред,  а потоа јас бев пред него. Беше навистина добро бидејќи видов возач со големо искуство и научив многу работи за само три круга колку што бев позади него. Во некои свиоци не влегував правилно и премногу компликував. Тој тоа го правеше многу полесно и побрзо. Научив многу работи“.

marquez-2013-Sepang-1-D2-Pic-4Марк Маркез изјави дека научил многу од Докторот, по само 3 круга поминати зад него

Роси исто така зборуваше за средбата во која и двајцата искочија од гаражите заедно, а Маркез го остави Роси да биде прв пред да ги заменат местата. „Беше навистина смешно гледајќи го одзади. Навистина уживав бидејќи неговиот стил на возење е спектакуларен. Многу ми се допаѓа како вози. Вчера му кажав дека оваа година можеме да се натпреваруваме и да уживаме. Вози многу слично како Стонер. Секогаш ја допира патеката со неговиот лакт. Навистина е многу добар и веќе е многу брз. Тој е посебен бидејќи има чуден стил на возење,можеби нешто ново. Хорхе и јас имаме повеќе класичен стил на возење, но стилот на Маркез е нешто поинакво.“

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!