„ ... ова може да успее само ако завршам пред Ducati и ако нивните возачи завршат меѓу мотоциклите на Yamaha и Honda“ - Валентино Роси

Не го знаеме потенцијалот на Honda на трката. Дали се побрзи од нас, исти како нас или побавни. Мислам дека тоа ќе биде најинтересното нешто што ќе може да се види утре.

Ова се зборовите на Валентино Роси, во контекс на можноста тимот на Ducati да ја искористи својата брзина и да се обиде да ја намали предноста од лидерот Марк Маркез.

Тимот на Ducati доминираше на неодамнешниот тест кој се оддржа на Red Bull Ring, патека која се враќа на календарот за прв пат по 1997 година. Но, на тестовите не беше присутен тимот на Repsol Honda.

rosi aust

„Сега е тешко да се разбере бидејќи Honda не присуствуваше на тестот,“ изјави Роси.

Ducati е фаворит за победа, а тоа значи и дека влоговите се повисоки за останатите претенденти за титулата.

„Да, тоа може да функционира само ако завршиме пред Ducati, а нивните возачи да завршат меѓу Yamaha и Honda. Но мислам дека ќе биде тешко,“ изјави Роси на прашањето дали Ducati може да му помогне да ја намали предноста во однос на Маркез.

Роси беше најдобриот возач на неодамнешните тестови кој не беше член на Ducati и заврши на петото место со заостанување од една секунда зад лидерот.

Неговиот тимски колега и актуелен шампион, Хорхе Лоренцо, кој се наоѓа на второто место во генералниот пласман изјави: „Интересно е за шампионатот да има уште еден тим кој вози одлично на некоја патека. Да нема веќе само патеки на Honda и Yаmaha, туку да има и патека на Ducati.“

„Ако Марк заврши на четвртото или петото место, а јас завршам на првото или второто, колку повеќе возачи има пред него, толку ќе биде подобро за шампионатот. Но тешко дека тоа ќе се случи па затоа морам да се сконцентрирам на мојот настап и да дадам се од себе. Само на тој начин ќе можам да завршам на некое од првите три места и да освојам повеќе поени.“

Следната сезона, Лоренцо ќе му се приклучи на тимот на Ducati.

Back To Top