„Ги сакам трите трки кои се оддржуваат преку океанот. Патеките се фантастични “ – Валентино Роси*

Валентино Роси планира да ја прекине серијата без победи на Yamaha. Тие победија на пет од  првите седум трки во сезоната, но оттогаш, тие немаат постигнато победа.

 „Ги сакам трите трки кои се оддржуваат преку океанот. Патеките се фантастични“, изјави Роси во однос на трките кои ќе се оддржат во Мотеги, островот Филип и Сепанг. „На хартија сме силни и затоа се надевам дека ќе се бориме за победа.“

rossi test sepang 2016 7

„Особено сум среќен што одам во Јапонија бидејќи тоа е домот на Yamaha. Ќе дадам се од себе за да имаме добра трка. Ми се допаѓа патеката и атмосферата. Во добра форма сум и подготвен сум за следните три трки.“

Иако ниту еден возач се уште не се откажува од борбата за титулата, големата разлика која ја има Маркез во однос на Роси значи дека борбата за второто место е најверојатно она што преостанува до крајот на шампионатот.

„Вале и Хорхе имале одличен настап тука во минатото и затоа очекуваме повторно да се борат за победа,“изјави тимскиот директор Масимо Мерегали.

Back To Top