23
Чет, Фев
MotoGP

Роси: Борбата за титулата е отворена

Валентино Роси заостанува само 12 поени зад тимскиот колега Хорхе Лоренцо откако  го освои второто место на MotoGP трката во Франција

Следете нè на:

 

 

Роси едноставно беше незапирлив на Француската трка. Тој успеа од седмата позиција да се пробие до врвот и да го освои своето 178 место на подиумот. „Докторот“ лошо стартуваше од третиот ред, но за кратко време успеа да се пробие до врвот.

rossi slideshow 16

Откако успеа да ги претекне колегите од Yamaha, после третиот круг Роси се најде на петото место откако го претекна Алекс Еспаргаро. Деветкратниот светски шампион тогаш се фокусираше на Марк Маркез и го забрза темпото, притоа постигнувајќи и најбрз круг на трката од 1'33.293.

На 20 круга до крајот, Роси се најде на четвртото место откако Ианоне излета од патеката. Веќе во следниот круг, кај свиокот „Garage Vert“, тој се обиде да го претекне ривалот од Шпанија. Кај свиокот „Musée“, Роси успеа да го претекне и Андреа Довициозо. На дванаесет кругови до крајот на трката, Роси веќе не беше под притисок. Бидејќи не можеше да го стигне тимскиот колега, кој имаше предност од 5.2 секунди, тој се фокусираше на оддржување на предноста над Маверик Вињалес кој се наоѓаше на третата позиција. Ова е втора трка по ред на која тимот на Yamaha остварува двојна победа откако на претходната трка во Херез, Роси заврши на првото место а Лоренцо беше втор.

Со овој резултат, Роси сега заостанува 12 поени во однос на лидерот Хорхе Лоренцо и само 7 поени во однос на Марк Маркез.

Следната трка од MotoGP шампионатот ќе се оддржи од 20ти до 22ри Мај на патеката во Муџело, Италија.

Валентино Роси: „Почнав лошо од третиот ред, па на почетокот беше многу комплицирано. Бев многу брз но мораш да бидеш внимателен бидејќи лесно може да се направи грешка. Чекор по чекор се доближив до Маркез и Довициозо и во тој момент бев побрз од нив. Среќен сум бидејќи воопшто не е лесно да стартуваш од седмата позиција и на крајот да освоиш 20 поени. Во шампионатот заостанувам 12 поени зад Хорхе и 7 зад Марк. Тоа значи дека борбата за титулата е отворена и мораме да бидеме сконцентрирани. Во моментов сум на третото место и морам да размислувам од трка на трка. Тоа особено се однесува на Муџело каде што ќе се обидам да возам со исто темпо.“

comments

Би можело да ве интересира

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Марко Меландри го подобри своето темпо на новите пневматици за време на тестот на Филип Ајленд. На крајот тој заврши со време кое беше послабо за само 0.030 секунди од времето кое го постигна Џонатан Реа.

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!