25
Вто, Апр
MotoGP

Роси: Борбата со Маркез беше силна но сепак фер

„Маркез е секогаш агресивен, но во споредба со борбата во Сепанг, оваа беше многу поразлична бидејќи двајцата возачи имаа иста цел – да се обидат да завршат пред  другиот “ – Валентино Роси

Следете нè на:

 

Валентино Роси вели дека нема проблем со агресивниот стил на возење на ривалот за титулата  Марк Маркез. Парот повторно се бореше за место на подиумот на трката во Велика Британија.

Откако неколку пати дојдоа во контакт, Маркез конечно успеа да го претекне Роси во борбата за третото место. Веднаш потоа тој се обиде да го престигне и Кал Кратчлоу кој се наоѓаше на втората позиција.

Возачот на Repsol Honda беше исто така агресивен и во борбата со Кал Кратчлоу.  Тој имаше контакт со Британскиот возач пред да излета од патеката. На крајот, Маркез заврши како четврти а Роси го освои третото место.

rossi mm93Одличната борба на Роси и Маркез во Силверстоун не остави никого рамнодушен

Борбата меѓу Роси и Маркез не потсети на нивниот судар кој се случи за време на трката во Сепанг минатата година. Сепак, деветкратниот светски шампион Роси изјави дека борбата во Силверстоун била фер.

На прашањето, кога беше позагрижен, дали кога во негова близина беше Андреа Јанон или Марк Маркез, Роси одговори: „Повеќе кога во моја близина беше Маркез, бидејќи знам дека тој има поинаков третман со мене! Но исто така и со Јанон не беше воопшто лесно. Шегата на страна, ова беше одлична борба со Јанон но исто така и со Маркез.  Со нив борбата секогаш е тешка но сепак е фер.“

Маркез, кој имаше контакт со Роси, на момент излета од патеката. Откако се врати, тој се најде зад возачот на Movistar Yamaha. Според Роси, не е фер возач кој ќе излета од патеката да помине не казнето.

„Кога ќе излеташ од патеката тоа значи дека си направил грешка. На крај не е фер доколку нема никакви последици по тебе. Но такви се правилата и ако скратиш дел од патеката и на крајот не стекнеш никаква предност, можеш да продолжиш. Тоа важи и за останатите возачи,“ изјави Роси.

„ Маркез е секогаш агресивен. Но во споредба со трката во Сепанг, борбата тука беше различна бидејќи и двајцата возачи имаа иста цел, да се обидат да завршат пред другиот возач и да бидат побрзи. Тоа беше разликата и јас навистина уживав.“

Италијанкиот возач успеа да ја намали предноста во однос на Маркез за три поени и сега заостанува точно 50 бодови зад возачот на Repsol Honda.  37 годишниот возач беше многу задоволен од перформансите кои ги покажа на трката во Силверстоун.

„Многу сум среќен, но не поради тоа што ја намалив разликата бидејќи таа се уште е многу голема, туку бидејќи се искачив на подиумот. Викендот беше тежок, и знам дека секогаш морам да ја користам предноста кога стартувам од првиот ред.“

„Трката беше одлична. Имаше одлична борба со Кратчлоу, Маркез а исто така и со Јанон. Кога бев на петото место а пред мене беа Маркез и Јанон беше тешко бидејќи веднаш зад мене се наоѓаше Педроса. Но не се предавав, се обидов да возам најдобро што можам. Исто така имав и малку среќа, но добро е за мене и за тимот што завршивме на подиумот после тешкиот викенд.“

„Единствено е штета што Вињалес  не не чекаше бидејќи оваа борба требаше да биде за првото место! Но сепак беше многу забавно.“

Роси, кој го имаше својот 250-ти старт во MotoGP  на трката во Силверстоун, со нетрпение ја очекува трката која ќе се оддржи во Мисано.

„Добро е што постигнавме ваков резултат. Следната недела во Мисано ќе биде најважниот викенд во сезоната бидејќи ќе возам да домашна патека и ќе има голем притисок. Но таму има и одлична атмосфера и ќе биде многу забавно,“ изјави Роси кој настапуваше со старата шасија и задна вилушка наместо со новите кои ги тестираше во Брно. Од Yamaha изјавија дека не беа спремни да ризикуваат.

„Ми се допаѓа патеката и обично нашиот мотоцикл е добар, но никогаш нема вистински да знаеш се додека не излезеш на патеката со различни пневматици.“

comments

Би можело да ве интересира

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!