MotoGP

Роси: Ако сум компетитивен ќе продолжам да се натпреварувам и по 2018 година

алентино Роси вели дека конечната одлука во однос на тоа дали ќе вози следната сезона ќе ја донесе идната година

Следете нè на:

 

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси,  вели дека конечната одлука во однос на тоа дали ќе вози следната сезона ќе ја донесе на почетокот на идната година. „Ако сум компетитивен, сакам да продолжам,“ изјави Роси.

После победата во Асен, 38 годишниот Италијански возач повторно е дел од борбата за титулата. Во моментов тој ја одработува првата од двогодишиот договор со Yamaha која е со важност до 2018 година. Вели, доколку успее да победи на трки оваа сезона, има желба да вози и во 2019 година. Во интеревју за MotoGP.com, Роси ги повтори зборовите кои сакаат да ги слушнат голем дел од навивачите.

IMGP8223

„Кога го потпишав договорот, си помислив дека тој би можел да ми биде последен, но сепак не бев сигурен.  Ќе одлучам на почетокот на следната сезона. Но ако се уште сум компетитивен и победувам, тогаш сакам да продолжам.“

Со оглед на моменталната позиција во шампионатот, заостанува само седум поени зад лидерот Довициозо, се чини дека ќе има продолжување на договорот.

На прашањето што ќе биде одлучувачко оваа сезона, Роси изјави дека од голема важност е да се победи секогаш кога за тоа постои можност како и да се постигне задоволителен резултат во оние денови кога сетапот на мотоциклот не е баш најдобар.

„Ситуацијата постојано се менува. Се промени од минатата година. Од трката во Барселона минатата година, имавме девет различни победници, што е неверојатно. Оваа година имаме пет различни победници на осум трки.“

„Клучот е да се обидеш да победиш секогаш кога постои можност за тоа, кога мотоциклот и пневматиците работат добро. И секако, да се обидеш да не направиш грешка за време на некој тежок викенд.“

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!