Reale Avintia Ducati во голем стил го претставија новиот мотоцикл и нивниот нов спонзор, Reale, откако со хеликоптер го спуштија на снежната патека во Андора. Веднаш откако го симнаа мотоциклот, Лорис Баз и Емилио Замора, кој е замена за повредениот Хектор Барбера, го испробаа мотоциклот со пневматици за на снег. Баз вели дека е задоволен од чекорите кои ги презема тимот.

avintia 17 1

„Тимот секоја година оди се понапред со претставувањето. Минатата сезона со мојот Ducati возев на снег, а оваа година го спуштија со хеликоптер. Исто така и настапот на Емилио беше навистина забавен.“

„Мотоциклот изгледа неверојатно и со нетрпение чекам повторно да се качам на него овој петок на патеката во Катар. Уште од стартот се чувствував добро на него и мислам дека оваа сезона на многу трки ќе се најдеме меѓу најдобрите десет возачи.“

Сепак, на претставуавањето имаше и една лоша вест откако Барбера потврди дека ќе отсуствува од тестот во Катар бидејќи се уште не е доволно опоравен од повредата на клучната коска која ја скрши минатата недела на патеката во Валенсија.

avintia 17 2

Back To Top