МотоГП шампионатот продолжува со најпознатата патека во календарот, легендарната Муџело. Овој викенд на програмата е шестата од вкупно 18 трки колку што се предвидени за 2017 година.

МотоГП шампионатот продолжува со најпознатата патека во календарот, легендарната Муџело. Овој викенд на програмата е шестата од вкупно 18 трки колку што се предвидени за 2017 година.

22f9fdc7 669a 417c 8083 f21319c8a4fe

Патеката со должина од 5.2 километри е составена од 15 свиоци од кои 6 се леви, а 9 се десни. Најдолгиот правец на патеката изнесува 1141 метар и дозволува развивање на брзини поголеми од 350км/ч. Рекордот на патеката го држи Марк Маркез кој во 2013 година оствари време од 1.47:639, а најголемата забележана брзина е 354,9 км/ч.

Нашата екипа ќе има ексклузивна можност да известува директно од Муџело, очекувајте фотографии и репортажи од сите сесии.

Возбудувањата во Муџело ќе започнат во петок со првите слободни тренинзи, квалификациите се во сабота, а трката во недела со почеток од 14 часот.

Петок (02.06.2017) | SportKlub 1
09:00  Moto3 тренинг 1
09:55 MotoGP тренинг 1
10:55 Moto2 тренинг 1
13:10 Moto3 тренинг 2
14:05 MotoGP тренинг 2
15:05 Moto2 тренинг 2
Сабота (03.06.2017) | SportKlub 1
09:00  Moto3 тренинг 3
09:55 MotoGP тренинг 3
10:55 Moto2 тренинг 3
12:35 Moto3 квалификации
13:30 MotoGP тренинг 4
14:10 MotoGP квалификации
15:05 Moto2 квалификации
Недела (04.06.2017) | SportKlub 1
08:40  Moto3 загревање
09:10 Moto2 загревање
09:40 MotoGP загревање
11:00 Moto3 трка
12:20 Moto2 трка
14:00 MotoGP трка

За оние кои немаат СпортКлуб во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top