MotoGP

Распоред и линк за следење на МотоГП Силверстоун

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

Следете нè на:

 

Патеката Силверстоун во Англија викендов е домаќин на 12-та трка од МотоГП шампионатот. Со повеќе од 60 години испишана историја, легендарната патека е дел од престижниот мото спорт.

2013 motogp insane race as lorenzo claws back silverstone victory 1

Откако доби финансиска инекција од неколку милиони фунти, во 2010 патеката беше целосно обновена и надградена, со што стана една од најбрзите патеки во шампионатот, а возачите го обожуваат новиот распоред.

Патеката е со должина од 5.9км, составена е од 18 свиоци од кои 8 се леви, а 10 десни. Најдолгиот правец изнесува 770 метри, а најголемата забележана брзина е 332,4км/ч. Рекордот на патеката е во сопственост на Дани Педроса, изнесува 2'01.941 и е поставен во 2013 година.

Возбудувањата викендов ќе се одвиваат според следниот распоред, со директен пренос на Спорт Клуб каналите:

Петок (25.08.2017) | SportKlub 2
10:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1 
10:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
11:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1
14:10 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
15:05 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2
16:05 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2

 

Сабота (26.08.2017) | SportKlub 2
10:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3 
10:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
11:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
13:35 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
14:30 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
15:10 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ
16:05 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ

 

Недела (27.08.2017) | SportKlub 2
11:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – WARM UP
11:30 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – WARM UP
12:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – WARM UP
13:40 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРКА
15:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРКА
16:30 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРКА

За оние кои немаат Спорт Клуб во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на http://www.sportcategory.com/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Фантастичната сезона за нашите натпреварувачи во брзински мотоцклизам продолжува откако и Романската Мото Федерација ги соопшти конечните резултати.

Во случај да не сте еден од оние 23 среќници кои се сопственици на ARCH Method143, изработен од карбон, ARCH Motorcycle имаат модел кој ќе биде достапен и за нас, обичните смртници.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!