MotoGP

Распоред и линк за следење на МотоГП САД

Викендов на програмата е третата трка од МотоГП шампионатот која се вози на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, САД.

Следете нè на:

 

Викендов на програмата е третата трка од МотоГП шампионатот која се вози на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин (Тексас), САД.

circuit of the americas

Патеката која беше додадена во календарот во 2013 година е составена од 20 свиоци од кои 11 се леви и 9 десни. Од вкупната должина од 5.513 метри најдолгиот правец изнесува 1200 метри, а најголемата брзина забележана на неа изнесува 345,2 км/ч. Рекордот на патеката го држи Марк Маркез кој доминира на трките од 2013 до сега, а тој изнесува 2'03.575.

Во САД возбудувањата започнуваат во петок со првиот тренинг, а Спорт Клуб ќе врши пренос во живо на својот втор и трет канал од сите сесии според следниот распоред:

Петок (21.04) SportKlub 3
16:00 Мото3 - Тренинг 1
16:55 МотоГП - Тренинг 1
17:55 Мото2 - Тренинг 1
20:10 Мото3 - Тренинг 2
21:05 МотоГП - Тренинг 2
22:05 Мото2 - Тренинг 2

 

Сабота (22.04) SportKlub 2
16:55 МотоГП - Тренинг 3
17:55 Мото2 - Тренинг 3
19:35 Мото3 - Квалификации
20:30 МотоГП - Тренинг 4
21:10 МотоГП - Квалификации
22:05 Мото2 - Квалификации

 

Недела (23.04) SportKlub 2
18:00 Мото3 - Трка
19:20 Мото2 - Трка
21:00 МотоГП - Трка

За оние кои немаат Спорт Клуб во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

Покрај рекордната продажба во САД која ја објавија минатата недела, BMW соопшти дека успеале да го надминат и рекордот на компанијата на глобалнот пазар, откако во 2017 година успеаа да продадат 164.153 мотоцикли. 

И покрај намалената целокупна продажба на мотоцикли на пазарот, Ducati имаше раст во продажбата и поголеми бројки во 2017 година

Уште еден драматичен ден на релито Дакар. Поранешниот лидер во генералниот пласман, Адриен Ван Беверен мораше да биде евакуран од етапата после тешкиот судар кој го имаше на само 3 километри до целната линија.

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!