По кусата пауза МотоГП се враќа викендов со 10-та рунда која се вози на патеката Ред Бул Ринг во Австрија.

По кусата пауза МотоГП се враќа викендов со 10-та рунда која се вози на патеката Ред Бул Ринг во Австрија.

Патеката со должина од 4,3 км е составена од 10 свиоци, 3 леви и 7 десни, а висинската разлика на одделни точни на патеката е 65 метри. Изградена во 1969 година, служела како центар за авто-мото спортот во Австрија. МотоГП трките последен пат на оваа патека можеа да се следат во 1997 година, а од сегашните возачи единствено Валентино Роси имал прилика да се трка на неа. Во 1997 во класата до 125цц тој заврши на втората позиција. Годинешната трка е прва по 97-ма, а се очекува Австриската трка да остане во календарот и во следните сезони.

Red Bull Ring

Возбудувањата започнуваат утре (петок) во 9 часот со првиот тренинг во Мото3 класата. Распоредот за сите сесии е во продолжение:

  Петок - SportKlub 1
09:00 Moto 3 – Тренинг 1 во живо
09:55 Moto GP – Тренинг 1 во живо
10:55 Moto 2 – Тренинг 1 во живо
13:10 Moto 3 – Тренинг 2 во живо
14:05 Moto GP – Тренинг 2 во живо
15:05 Moto 2 – Тренинг 2 во живо
  Сабота - SportKlub 1
09:00 Moto 3 – Тренинг 3 во живо
09:55 Moto GP – Тренинг 3 во живо
10:55 Moto 2 – Тренинг 3 во живо
  Сабота - SportKlub 3
12:35 Квалификации – Moto 3 во живо
13:30 Тренинг 4 – Moto GP во живо
14:10 Квалификации – Moto GP во живо
15:05 Квалификации – Moto 2 во живо
  Недела - SportKlub 3
08:40 Загревање – Moto 3 во живо
09:10 Загревање – Moto 2 во живо
09:40 Загревање – Moto GP во живо
11:00 Трка – Moto 3 во живо
12:20 Трка – Moto 2 во живо
14:00 Трка – Moto GP во живо

За оние кои ги немаат каналите на СпортКлуб во својата ТВ програма, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top