MotoGP

Првична листа на MotoGP возачи и тимови за 2014

ФИМ ја објави провизорната листа на натпреварувачи и тимови за Мото Гранд При шампионатот за сезоната 2014.

Следете нè на:

 

motogp-fullВозбудувањата за следната сезона започнуваат со објава на возачите и тимовите

ФИМ ја објави провизорната листа на натпреварувачи и тимови за Мото Гранд При шампионатот за сезоната 2014.

Исто како и оваа сезона, во 2014 ќе имаме прилика да следима 24 возачи, но наместо досегашната „CRT“ класа, се воведува нова, наречена „Open“ или отворена класа. Од оние 24 возачи, 11 ќе се натпреваруваат со фабрички мотоцикли, додека пак останатите 13 ќе бидат во новата отворена класа.

Новата отворена класа предвидува користење на ECU со целосна контрола, четири литри гориво повеќе како и дозволени 12 промени на моторите наместо 5 кај фабричките прототипи.

Во однос на следната сезона, најнови имиња се Николо Канепа и Мика ди Мељио. Новајлии во МотоГП ќе бидат Скот Рединг, ди Мељио и Пол Еспергаро. Следната сезона нема да ги гледаме: Бен Спиз (се повлече), Ренди де Пуние (тест возач на Сузуки), Клаудио Корти, Лукас Пешек и Брајан Старинг.

Новиот шампион во МотоГП, Марк Маркез и следната сезона ќе вози со својот препознатлив број 93.

#4 Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (Ducati *)
#5 Colin Edwards USA NGM Mobile Forward Racing (FTR Yamaha)
#6 Stefan Bradl GER LCR Honda MotoGP (Honda *)
#7 Hiroshi Aoyama JPN Power Electronics Aspar (Honda)
#8 Hector Barbera SPA Avintia Blusens (FTR)
#9 Danilo Petrucci ITA Iodaracing Project (TBA)
#17 Karel Abraham CZE Cardion AB Motoracing (Honda)
#19 Alvaro Bautista SPA Go&Fun Honda Gresini (Honda *)
#26 Dani Pedrosa SPA Repsol Honda Team (Honda *)
#29 Andrea Iannone ITA Pramac Racing (Ducati *)
#35 Cal Crutchlow GBR Ducati Team (Ducati *)
#38 Bradley Smith GBR Monster Yamaha Tech 3 (Yamaha *)
#41 Aleix Espargaro SPA NGM Mobile Forward Racing (FTR Yamaha)
#44 Pol Espargaro SPA Monster Yamaha Tech 3 (Yamaha *)
#45 Scott Redding GBR Go&Fun Honda Gresini (Honda)
#46 Valentino Rossi ITA Yamaha Factory Racing (Yamaha *)
#59 Niccolò Canepa ITA Iodaracing Project (TBA)
#63 Mike di Meglio FRA Avintia Blusens (FTR)
#68 Yonny Hernandez COL Pramac Racing (Ducati)
#69 Nicky Hayden USA Power Electronics Aspar (Honda)
#70 Michael Laverty GBR Paul Bird Motorsport (PBM/ART)
#93 Marc Marquez SPA Repsol Honda Team (Honda *)
#99 Jorge Lorenzo SPA Yamaha Factory Racing (Yamaha *)
Сеуште не е познато: Paul Bird Motorsport (PBM/ART) 

* = Фабрички настап: Ќе продолжат со сопствено ECU, но ќе користат четири литри помалку гориво и максимум 5 наместо 12 промени на моторот во сезоната.

 

comments

Би можело да ве интересира

Покрај рекордната продажба во САД која ја објавија минатата недела, BMW соопшти дека успеале да го надминат и рекордот на компанијата на глобалнот пазар, откако во 2017 година успеаа да продадат 164.153 мотоцикли. 

И покрај намалената целокупна продажба на мотоцикли на пазарот, Ducati имаше раст во продажбата и поголеми бројки во 2017 година

Уште еден драматичен ден на релито Дакар. Поранешниот лидер во генералниот пласман, Адриен Ван Беверен мораше да биде евакуран од етапата после тешкиот судар кој го имаше на само 3 километри до целната линија.

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!