MotoGP

MotoGP: Прва пол позиција за Роси по Ле Ман во 2010

Квалификациите на патеката во Валенсија му ја донесоа 50-та пол позиција во кариерата на Валентино Роси, прва за него сезонава, всушност прва по онаа на патеката Ле Ман во 2010 година.

Следете нè на:

 

46rossi  gp 7991 originalВалентино Роси дојде до 50-та пол позиција во кариерата

Квалификациите на патеката во Валенсија му ја донесоа 50-та пол позиција во кариерата на Валентино Роси, прва за него сезонава, всушност прва по онаа на патеката Ле Ман во 2010 година. Квалификациите го донесоа Андреа Ианон на втората стартна позиција, а првиот ред го комплетираше Дани Педроса.

Возбудливите квалификации му даваат предност на Роси во однос на својот клубски колега во битката за втората позиција во шампионатот. Хорхе Лоренцо на квалификациите се избори за четвртата позиција и трката ќе ја започне од вториот ред, следен од Марк Маркез кој доживеа пад во свиокот број 4. Падот на Маркез помина без последици за него, но за жал квалификациите беа готови за шампионот па мораше да се задоволи со старт од петтата позиција.

Вториот стартен ред го комплетираше Пол Еспергаро, возачот кој се обидува да дојде до шестата позиција во генералниот пласман со тимот на Јамаха Теч3. 

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 323.4 1'30.843  
2 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 329.8 1'30.975 0.132 / 0.132
3 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 330.2 1'30.999 0.156 / 0.024
4 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 324.1 1'31.049 0.206 / 0.050
5 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 328.6 1'31.144 0.301 / 0.095
6 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 328.4 1'31.307 0.464 / 0.163
7 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 324.9 1'31.324 0.481 / 0.017
8 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 332.4 1'31.359 0.516 / 0.035
9 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 329.3 1'31.426 0.583 / 0.067
10 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 328.4 1'31.443 0.600 / 0.017
11 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 318.7 1'31.486 0.643 / 0.043
12 51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati 326.6 1'32.617 1.774 / 1.131

Мото3 трката започнува во 11 часот, Мото2 на програмата е од 12.20, а главниот настан за денеска МотоГП трката е со почеток во 14 часот. Пренос од сите настани во живо ќе има на СпортКлуб 3 каналот, а за оние кои немаат СпортКлуб во својата ТВ понуда во продолжение и линк за стримингhttp://www.sportcategory.com/c-10.html

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!