Пол позиција за Вињалес, Роси ќе стартува од втората позиција, а Довициозо од третата. Изненадувањето на трката се вика Микеле Пиро и ќе стартува од четвртата позиција.

Пол позиција за Вињалес, Роси ќе стартува од втората позиција, а Довициозо од третата. Изненадувањето на трката се вика Микеле Пиро и ќе стартува од четвртата позиција.

vinales motogp mugello pol

Тоскана живее за трката на Муџело, километарска колона и преполни паркинзи на секој приод кон патеката, а ги има многу. Италијаните покажуваат дека не се само фудбалска нација, тие се моторџии од мали нозе, па разбирливо е зошто ќе видите млади, стари, мажи и жени кои со своите мотори патуваат од цела Италија за фамозната трка. Секако тука се и гостите од соседните земји, но и оние хард-кор МотоГП фанови кои патуваат насекаде следејќи ги своите идоли.

MotoGP Mugello 2017 1

Легендарната патека за квалификациите беше исполнета, всушност публиката беше на патеката од рано утринава за да ги проследи и третите слободни тренинзи. Валентино Роси за кого навиваат најмалку 90% од присутните бурно го поздравуваа секое негово влегување и излегување од патеката, притоа палејќи чадни бомби и факели, а многумина и турираа со моторите. Падините околу патеката се исполнети до последното место, шатори, камп приколки, па дури и луѓе само со вреќи за спиење можат да се забележат на секој чекор.

MotoGP Mugello 2017 7

Валентино Роси, миленикот на домашната публика, немаше најдобар резултат на вчерашните тренинзи, а доживеа и пад на четвртиот тренинг но тоа не го спречи да забележи второ време на него, веднаш зад Зарко.

На утрешната трка која започнува во 14 часот од првата позиција ќе стартува Вињалес, пред Роси, а првиот ред го комплетираше Довициозо. Од вториот ред ќе стартува изненадувањето Пиро, пред Педроса и Маркез. Лоренцо ќе стартува од седмата позиција.

На денешните квалификации беа постигнати следните резултати:

pol rezultati

Back To Top