22
Вто, Авг
MotoGP

Пол позиција за Роси во Јапонија

Кругот од 1:43.957 извозен пред самиот крај на квалификациите во Јапонија му ја донесе тратата пол позиција во оваа сезона за искусниот италијански возач кој се најде пред Маркез и Лоренцо.

Следете нè на:

 

Кругот од 1:43.957 извозен пред самиот крај на квалификациите во Јапонија му ја донесе тратата пол позиција во оваа сезона за искусниот италијански возач кој се најде пред Маркез и Лоренцо.

PA2049088.0008

Валентино Роси на утрешната трка во Мотеги, Јапонија ќе стартува од пол позицијата. Италијанецот до новата, трета пол позиција во оваа сезона дојде преку одличниот круг од 1:43.954 и тоа во последните мигови во утринските квалификации.

Роси му ја „украде" првата позиција на Маркез кој до тогаш беше најбрз, но, со овој пласман Шпанецот сега ќе стартува од позицијата под реден број два.

Веднаш зад нив ќе биде и шампионот Хорхе Лоренцо, кој ќе се обиде да искористи некаков кикс на лидерите за да избие на чело на колоната. Меѓу најбрзите пет утре во Јапонија се наоѓаат и Адреа Довициозо и Карл Кранчлоу.

Tрката за ГН на Јaпонија која што ќе се вози утре е закажана за 07:00 часот по наше време, пренос ќе има на СпортКлуб 1 каналот или стриминг на www.sportcategory.com/c-10.html

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 305.1 1'43.954  
2 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 307.5 1'44.134 0.180 / 0.180
3 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 303.3 1'44.221 0.267 / 0.087
4 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 308.3 1'44.294 0.340 / 0.073
5 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda 305.6 1'44.402 0.448 / 0.108
6 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 304.3 1'44.494 0.540 / 0.092
7 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 306.7 1'44.539 0.585 / 0.045
8 8 Hector BARBERA SPA Ducati Team Ducati 309.9 1'44.980 1.026 / 0.441
9 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 303.7 1'45.232 1.278 / 0.252
10 9 Danilo PETRUCCI ITA OCTO Pramac Yakhnich Ducati 304.0 1'45.782 1.828 / 0.550
11 45 Scott REDDING GBR OCTO Pramac Yakhnich Ducati 306.1 1'45.827 1.873 / 0.045
  19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia      
comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!