23
Вто, Мај
MotoGP

Пол позиција за Педроса во Каталуња

Дани Педроса ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Каталуња.

Следете нè на:

 

26pedrosa s1d0219 originalПол позиција за Педроса на Каталуња

Дани Педроса ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Каталуња.

Педроса го подобри рекордот кој претходно беше во сопственост на Кејси Стонер, и новото најбрзо време на патеката Каталуња на квалификациите сега изнесува.

Од втората позиција на утрешната трка ќе стартува феноменалниот Кал Крачлоу, а првиот ред го заокружува Хорхе Лоренцо. Лоренцо ги започна квалификациите но веднаш потоа влезе во боксот и го смени моторот, за на крај сепак да забележи трето време.

Впечатливо беше и возењето на Андреа Ианон кој следејќи го Педроса успеа своевремено да дојде до петтата позиција, за на крајот да заврши со осми резултат.

Вториот ред ќе го започне Алваро Баутиста, пред Хејден и Марк Маркез. Валентино Роси трката ќе ја започне од третиот ред, односно седмата позиција.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 339.3 1'40.893  
2 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 336.3 1'41.501 0.608 / 0.608
3 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 336.4 1'41.566 0.673 / 0.065
4 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 339.5 1'41.714 0.821 / 0.148
5 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 341.5 1'41.800 0.907 / 0.086
6 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 342.4 1'41.842 0.949 / 0.042
7 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 336.1 1'41.959 1.066 / 0.117
8 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 338.7 1'41.963 1.070 / 0.004
9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 337.6 1'42.053 1.160 / 0.090
10 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 339.9 1'42.090 1.197 / 0.037
11 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 330.2 1'42.548 1.655 / 0.458
12 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 324.4 1'42.878 1.985 / 0.330


Во недела загревањето е во 09.40, а трката на програмата е во 14.00

SportKlub каналот ќе врши пренос во живо од сите сесии, а организирано гледање ќе има во Bikers' Place.

 

comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Возењето на Супермото е можеби едно од најинтересните работи што можете да ги направите на две тркала. Мотоцикли за нерамен терен опремени со улични гуми, супермото нуди одлична услови за возење низ град како и можност за вежбање на вашата техника на некоја пониска платформа.

Конечно пристигнаа! КТМ ги претстави првите двотактни мотоцикли со директно вбризгување на горивото кои имаат EXC TPI (Transfer Port Injection)

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!