23
Вто, Мај
MotoGP

MotoGP: Пол позиција за Педроса и нов рекорд на Сепанг

Дани Педроса утринава дојде до пол позиција на патеката Сепанг пред трката за ГН на Малезија, притоа соборувајќи го рекордот на стазата за цели седум десетинки.

Следете нè на:

 

dani marq rossiПедроса, Маркез и Роси ќе стартуваат од првиот ред

Дани Педроса утринава дојде до пол позиција на патеката Сепанг пред трката за ГН на Малезија, притоа соборувајќи го рекордот на стазата за цели седум десетинки.

Дани Педроса дојде до пол позиција за прв пат по трката на Каталуња во 2014 година, Педроса извозе фантастичен круг кој беше подобар од рекордот на патеката за 0.738 делови од секундата. Повеќето возачи се одлучија за стратегија со три излегувања од боксот додека Дани се одлучи за две излегувања притоа чекаша доволно во гаражата за да нема гужва пред него. Неговиот план се покажа како одличен, тој го сруши рекордот на патеката и дојде до пол позиција со предност од 1’59.053.

Марк Маркез прикажа солидно возење, не беше во можност да го стигне времето на својот клубски колега Дани Педроса но возеше солидни 1'59.462 кои му го донесоа второто стартно место на утрешната трка.

Јамаха тимот не престанува да биде во фокусот на се што се случува во МотоГП. На утринските квалификации Хорхе Лоренцо забележа време од 1'59.737 и помина низ целната рамнина како третопласиран, но она што не го знаеше Лоренцо беше дека Роси сеуште е на патеката и успеа да го подобри неговото време за 11 стотинки!

Лоренцо не знаејќи дека ќе стартува од вториот стартен ред се упати во Парк ферме но откако му беше укажано на новите резултати видно нервозен замина во боксот. Од друга страна пак Валентино Роси беше пресреќен на резултатот со кој ќе стартува од првиот ред, пред Хорхе Лоренцо.

Утре не очекува возбудлива трка, не заборавајте дека заради временската разлика преносот во живо започнува во 8 часот изутрина.

Недела (25.10.2015) - SportKlub 1

02:40 Warm Up Moto 3 во живо
03:10 Warm Up Moto 2 во живо
03:40 Warm Up Moto GP во живо
05:00 Трка Moto 3 во живо
06:20 Трка Moto 2 во живо
08:00 Трка Moto GP во живо

Целосните резултати од денешните квалификации:

Поз.ВозачБрЗемјаТимКонструкторВреме
1 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team Honda 1'59.053
2 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team Honda 1'59.462
3 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'59.726
4 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'59.737
5 CRUTCHLOW Cal 35 GBR LCR Honda Honda 2'00.199
6 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team Ducati 2'00.224
7 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team Ducati 2'00.423
8 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki Ecstar Suzuki 2'00.478
9 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2'00.652
10 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing Ducati 2'00.724
11 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki Ecstar Suzuki 2'00.724
12 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2'00.794
13 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing Ducati 2'01.223
14 BRADL Stefan 6 GER Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 2'01.346
15 REDDING Scott 45 GBR Estrella Galicia 0,0 Marc VDS Honda 2'01.367
16 MILLER Jack 43 AUS LCR Honda Honda 2'01.725
17 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 2'01.727
18 HERNANDEZ Yonny 68 COL Pramac Racing Ducati 2'01.748
19 HAYDEN Nicky 69 USA Aspar MotoGP Team Honda 2'01.829
20 BAZ Loris 76 FRA Athina Forward Racing Forward Yamaha 2'01.862
21 ELIAS Toni 24 SPA Athina Forward Racing Forward Yamaha 2'02.415
22 LAVERTY Eugene 50 IRE Aspar MotoGP Team Honda 2'02.460
23 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing Ducati 2'02.964
24 WEST Anthony 13 AUS AB Motoracing Honda 2'03.855
25 CUDLIN Damian 55 AUS E-Motion IodaRacing Team ART 2'06.051
comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Возењето на Супермото е можеби едно од најинтересните работи што можете да ги направите на две тркала. Мотоцикли за нерамен терен опремени со улични гуми, супермото нуди одлична услови за возење низ град како и можност за вежбање на вашата техника на некоја пониска платформа.

Конечно пристигнаа! КТМ ги претстави првите двотактни мотоцикли со директно вбризгување на горивото кои имаат EXC TPI (Transfer Port Injection)

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!