23
Саб, Сеп
MotoGP

Пол позиција за Маркез на Силверстоун

Квалификациите на Силверстоун донесоа големи возбудувања и одлична најава за она што ќе се случува на утрешната трка.

Следете нè на:

 

93marquez s1d9683 originalПетта пол позиција за Маркез во сезоната

Пол позиција за Маркез на утрешната трка која ветува голема борба и неизвесен исход на Силверстоун

Квалификациите на Силверстоун донесоа големи возбудувања и одлична најава за она што ќе се случува на утрешната трка. Од самиот старт, веќе во првиот круг кој се мереше Хорхе Лоренцо го собори рекордот кој беше во сопственост на Стонер од 2011 и тоа за повеќе од половина секунда. Веднаш потоа Маркез го дополни рекордот за дополнителни 0.2, а приказната не заврши тука. Следевме дуел на времињата помеѓу Лоренцо и Маркез во кој на крајот излезе Маркез како победник.

На утрешната трка првиот ред ќе го заокружи Кал Крачлоу кој имаше и два пада во текот на денешниот ден. Вториот ред ќе го започне Штефан Брадл, кој ќе стартува пред Дани Педроса и Валентино Роси. Педроса возеше прилично брз круг пред крајот на сесијата но направи грешка по која престана да форсира, а претходното поставено време беше доволно само за петата стартна позиција.

Трката во недела започнува во 14.00 часот. Пренос од возбудувањата можете да следите на СпортКлуб каналот, а стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html. Утрешните трки (СУпербајк и МотоГП) ќе се следат во живо и во GP Caffe.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 323.5 2'00.691  
2 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 322.0 2'00.819 0.128 / 0.128
3 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 319.7 2'01.425 0.734 / 0.606
4 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 326.3 2'01.558 0.867 / 0.133
5 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 323.1 2'01.624 0.933 / 0.066
6 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 322.3 2'02.109 1.418 / 0.485
7 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 321.3 2'02.123 1.432 / 0.014
8 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 325.2 2'02.252 1.561 / 0.129
9 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 321.3 2'02.289 1.598 / 0.037
10 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 320.0 2'02.409 1.718 / 0.120
11 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 308.2 2'04.032 3.341 / 1.623
  41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART      

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс ќе носи специјална розева кацига на трката која овој викенд ќе се оддржи во Арагон со цел да ја подигне свеста за ракот на градите. Не само што ќе носи таква боја во текот на викендот, туку Ринс побара и од своите фанови да се вклучат во акцијата и да ги поддржат неговите напори.

Лорис Баз потврди дека ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2018 откако по три години поминати во премиерната класа во МотоГП го загуби своето место.

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia. 

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!