29
Пон, Мај
MotoGP

Пол позиција за Марк Маркез!

Она што се навести на тренинг сесиите се претвори во реалност, почетникот во МотоГП класата Марк Маркез дојде до првата пол позиција во својата кариера!

Следете нè на:

 

2013 r02 fp2 pic 1Маркез е на чекор од својата прва победа во МотоГП!

Она што се навести на тренинг сесиите се претвори во реалност, почетникот во МотоГП класата Марк Маркез дојде до првата пол позиција во својата кариера!

Младиот возач на Репсол Хонда тимот покажа дека на патеката „Circuit of the Americas“ ќе ги намачи големите ѕвезди уште во подготвителниот период. Пред сезонските тестови на патеката во Остин поминаа во негов знак, а истото се случуваше и овие два дена во кои од четири тренинг сесии Маркез имаше најбрзо време на три. Единствен возач кој успеа да го симне од провизорната пол позиција беше неговиот клубски колега, Дани Педроса.

Трет возач кој ќе стартува од првиот ред на утрешната трка е актуелниот Светски шампион Хорхе Лоренцо. Она што беше изненадување е слабиот резултат на неговиот клубски колега, легендарниот Валентино Роси кој трката ќе ја започне од осмата позиција.

Од вториот ред ќе стартува фантастичниот Кал Крачлоу кој продолжува со одличните резултати на неговата „сателитска“ Јамаха. Тој ќе биде следен од Штефан Брадл кој исто така покажа одлично возење, а последен возач во вториот ред и највисоко пласиран возач на Дукати, Андреа Довициозо.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 341.6 2'03.021  
2 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 339.1 2'03.275 0.254 / 0.254
3 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 335.0 2'04.100 1.079 / 0.825
4 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 332.4 2'04.267 1.246 / 0.167
5 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 336.8 2'04.445 1.424 / 0.178
6 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 336.5 2'04.873 1.852 / 0.428
7 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 335.7 2'04.942 1.921 / 0.069
8 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 335.2 2'05.380 2.359 / 0.438
9 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 320.1 2'05.389 2.368 / 0.009
10 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 336.5 2'05.568 2.547 / 0.179
11 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 334.1 2'06.740 3.719 / 1.172
12 11 Ben SPIES Ignite Pramac Racing Ducati 333.8 2'07.044 4.023 / 0.304

 

Недела

Загревање: 16:40-17:00
Трка: 21:00

На СпортКлуб каналот во живо утре ќе се пренесува МотоГП трката со почеток од 21 часот по наше време. Организирано гледање ќе има во Мотори Паб (локалот во кругот на Максима), а за оние кои не се во можност да дојдат или да ја гледаат трката на ТВ, стриминг ќе има на sportlemon.tv/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!