19
Саб, Авг
MotoGP

Пол позиција за Кал Крачлоу на Брно

Возачот на Јамаха Теч3 тимот, Кал Крачлоу, дојде до втората пол позиција во сезоната со што ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Чешка која се вози на патеката Брно.

Следете нè на:

 

35crutchlow s1d1931 originalКал Крачлоу дојде до втората пол позиција во сезоната на патеката Брно

Втора пол позиција за Крачлоу во сезоната

Возачот на Јамаха Теч3 тимот, Кал Крачлоу, дојде до втората пол позиција во сезоната со што ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Чешка која се вози на патеката Брно.

Крачлоу го повтори успехот од патеката Асен кон крајот на Јуни со што потврди дека станува збор за исклучително добар возач кој следната година ќе има можност да ги брани боите на Дукати.

Феноменален настап имаше и Алваро Баутиста кој успеа прв да го собори рекордот на патеката кој беше во сопственост на Хорхе Лоренцо, за потоа Крачлоу да го подобри неговото време за две десетинки и со тоа да го остави на втората позиција.

Првиот ред утре ќе го комплетира Марк Маркез, кој имаше 0.005 делови од секундата побрзо време од Дани Педроса кој ќе стартува од четвртата позиција. Вториот ред го дополнува Хорхе Лоренцо, а го заокружува Бредли Смит кој ќе стартува пред Валентино Роси. 

За Докторот квалификациите донесоа само седма позиција на патеката на која во далечната 1996-та година ја забележа првата Гранд При победа. Останува да видиме на утрешната трка дали Роси ќе успее да го повтори возењето од Индијанаполис кога стартуваше од деветата позиција, а на крајот заврши на четвртото место.

Во недела трката започнува во 13 часот. 

Пренос од сите возбудувања ќе има на СпортКлуб каналот, а за оние кои следат преку интернет, стриминг има на http://www.sportcategory.com/c-10.html и организирано следење на трката во „GP Caffe“ (картинг патеката крај СЦ Борис Трајковски)

Резултати од квалификациите

Поз.бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 307.1 1'55.527  
2 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 311.7 1'55.754 0.227 / 0.227
3 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 313.6 1'55.863 0.336 / 0.109
4 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 314.8 1'55.868 0.341 / 0.005
5 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 309.4 1'55.949 0.422 / 0.081
6 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 308.8 1'56.014 0.487 / 0.065
7 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 307.9 1'56.186 0.659 / 0.172
8 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 312.4 1'56.477 0.950 / 0.291
9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 307.0 1'56.825 1.298 / 0.348
10 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 308.4 1'56.979 1.452 / 0.154
11 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 307.6 1'57.455 1.928 / 0.476
12 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 296.0 1'58.392 2.865 / 0.937

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!