MotoGP

Победа за Стонер на Есторил за прво место во шампионатот

thumb_stoner-pobedaЕсторил беше единствената патека на која Стонер немаше победа, актуелниот Светски првак денеска го промени тоа, и заслужено дојде до првата позиција во генералниот пласман.

Следете нè на:

 

stoner-pobeda

На самиот старт Дани Педроза изби на првата позиција следен од Кејси Стонер, Хорхе Лоренцо и Бен Спиз, но веќе во вториот свиок ја загуби водечката позиција притоа пред него излегоа Кејси Стонер и Хорхе Лоренцо.

На крајот од првиот круг Стонер веќе започна да прави мала предност, а зад него во линија возеа Лоренцо, Педроза, Спиз, Крачлоу, Довициозо, Роси. Грешката на Спиз во која за среќа успеа да се врати на патеката допринесе тој да падне подолу за неколку позиции. Притоа следевме интересна борба и помеѓу Баутиста, Спиз, Роси и Штефан Брадл кои се наоѓаа од 6-9 позиција.

Во следните неколку кругови на чело од колоната немаше никакви изненадувања, Кејси Стонер напред, следен од Хорхе Лоренцо и Дани Педроза, малку зад нив возеа Андреа Довициозо и Кал Крачлоу, а во третиот дел ги следевме Баутиста, Спиз , Брадл и Хектор Барбера.

На 20 кругови до крајот Стонер го намали темпото и малата разлика која ја имаше пред Лоренцо и Педроза се стопи. Зад нив сеуште следевме борба помеѓу клубските колеги од Јамаха Теч3 тимот, а Баутиста безбедно возеше на 6-та позиција две секунди пред Роси.

Иван Силва заради проблеми со моторот влезе во боксот и ја заврши трката на 18 круга до крајот, а во истиот круг и Матија Пасини доживеа пад кој значеше крај на трката и за него. Во меѓувреме Штефан Брадл и Бен Спиз се бореа за 8-та позиција, менувајќи си ги местата неколкупати.

На 11 круга до крајот Џони Хернандез доживеа пад и ја заврши трката за ГН на Португалија. ЦРТ моторот на Елисон исто така не ја издржа трката па два круга подоцна и тој заврши во пит стопот. На само 5 круга до крајот Карел Абрахам доживеа хајсајд кој за среќа помина без проблеми за него, а со помош на стјуардите успеа повторно да го запали моторот и да се врати на патеката како последен. Сепак неговиот мотор беше оштетен па до крајот на трката се паркираше во пит стопот.

Во следниот круг Кал Крачлоу се обиде да го помине Довициозо и притоа излезе надвор од патеката но за среќа зоната за излетување во тој дел од патеката беше поголема па тој остана на асвалтот.

Последните два круга ги одбележа единствено поминувањето на Бен Спиз кој успеа да ја преземе 8-та позиција, останатото беше веќе познато, победа за Кејси Стонер. Есторил беше единствената патека на која Стонер немаше победа, актуелниот Светски првак денеска го промени тоа, и заслужено дојде до првата позиција во генералниот пласман.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 25 1 Casey STONER Repsol Honda Team 154.0 45'37.513
2 20 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 153.9 +1.421
3 16 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 153.8 +3.621
4 13 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 153.2 +13.846
5 11 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 153.1 +16.690
6 10 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 152.8 +21.884
7 9 46 Valentino ROSSI Ducati Team 152.5 +26.797
8 8 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 152.1 +33.262
9 7 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 152.0 +35.867
10 6 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team 151.0 +53.363
11 5 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 150.5 +1'02.630
12 4 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 149.6 +1'20.736
13 3 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 149.4 +1'23.483
14 2 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 148.7 +1'37.905
15 1 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 147.2 1 круг
Без пласман
17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 144.7 5 круга
77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 146.4 10 круга
68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 148.7 12 круга
54 Mattia PASINI Speed Master 148.8 17 круга
22 Ivan SILVA Avintia Blusens 144.0 17 круга
comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Видеото започнува со претставување на производите на Kawasaki, односно едно лице како вози спортски модел во тунел. Но кога возачот излегува од тунелот, тој го вози концептот Ј.

Се огласи и производителот на сопирачките Брембо заради кој Априлија и Дукати најавија повлекување и бесплатна замена на главниот кочионен цилиндер кај поновите модели.

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!