22
Пет, Сеп
MotoGP

Победа за Маркез во неговата втора МотоГП трка

Иако звучи неверојатно, сепак можеме да кажеме дека беше очекувано, Марк Маркез дојде до својата прва победа во МотоГП кариерата, на втората трка во сезоната.

Следете нè на:

 

2013-R02-FP2-Pic-3Фантастично возење за Маркез кој дојде до првата победа во МотоГП

Иако звучи неверојатно, сепак можеме да кажеме дека беше очекувано, Марк Маркез дојде до својата прва победа во МотоГП кариерата, на втората трка во сезоната.

Марк Маркез доминираше на новата патека во Остин, Тексас (САД), најпрво на пред сезонските тестирања, а потоа и на официјалните тренинзи пред почетокот на трката за ГН на САД. Да не го заборавиме и фантастичното возење на вчерашните квалификации по кои дојде до пол-позицијата, па ќе кажеме дека беше очекувана оваа негова победа.

Сепак се работи за историски подвиг, Маркез извојува победа во неговата втора трка во МотоГП класата, па шампионатот сега добива еден сосема поинаков тек во кој возачот на Хонда со право се вбројува во претендентите за освојување на титулата.

На неговиот пат ќе се најде клубскиот колега Дани Педроса кој на вечерашната трка извозе одлична трка. Беше во предност се до 9 круга пред крајот кога Маркез неочекувано рано ја нападна неговата позиција и успеа да излезе напред. Маркез кој возеше задна гума со по тврда компонента отколку Педроса успеа да ја задржи првата позиција до крајот на трката и дојде до победата.

Со третата позиција се задоволи победникот на првата трка во сезоната и актуелен Светски шампион, Хорхе Лоренцо. Јамахата која беше видно послава од Хондите на патеката во САД како да пројави желба за борба во последните кругови но едноставно немаше доволно време за Лоренцо да го нападне Педроса кој финишираше како второпласиран.

Возачот на сателитската Јамаха, Кал Крачлоу повторно импресионираше со своето возење и трката ја заврши на четвртата позиција носејќи значајни бодови во генерланиот пласман. Тој успеа да го мине Штефан Брадл со кој долго време се бореа за четвртата позиција, за потоа возачот на Хонда да попушти со темпото и на крајот да заврши како петтопласиран со заостанување од 6 секунди зад Крачлоу.

Валентино Роси не го повтори успехот од првата трка, и на крајот заврши како шестопласиран, пред Андреа Довициозо и Алваро Баутиста. Ники Хејден и Андреа Ианон се возачите кои со својот пласман ги заокружија првите десетмина. Во продолжение и комплетен преглед на резултатите:

Поз.ПоениБр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 158.9 43'42.123
2 20 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 158.8 +1.534
3 16 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 158.7 +3.381
4 13 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 158.5 +6.616
5 11 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 158.1 +12.674
6 10 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 157.9 +16.615
7 9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 157.6 +22.374
8 8 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 157.5 +22.854
9 7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 156.9 +33.773
10 6 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 156.4 +42.112
11 5 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 156.0 +48.837
12 4 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 155.9 +50.705
13 3 11 Ben SPIES Ignite Pramac Racing Ducati 154.5 +1'14.132
14 2 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 154.4 +1'15.651
15 1 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 154.2 +1'19.591
16   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 153.4 +1'34.391
17   7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 153.1 +1'39.823
18   8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 153.1 +1'39.952
19   71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 152.7 +1'46.773
20   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 152.6 +1'48.084
21   79 Blake YOUNG Attack Performance Racing APR 151.1 1 круг
Без пласман
    9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 152.4 8 круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 152.4 8 круга
    5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 149.7 10 круга

По извозени две трки во генералниот пласман состојбата е следна:

Поз.ВозачМоторЗемјаПоени
1 Marc MARQUEZ Honda SPA 41
2 Jorge LORENZO Yamaha SPA 41
3 Dani PEDROSA Honda SPA 33
4 Valentino ROSSI Yamaha ITA 30
5 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 24
6 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 18
7 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 18
8 Nicky HAYDEN Ducati USA 15
9 Andrea IANNONE Ducati ITA 13
10 Stefan BRADL Honda GER 11
11 Aleix ESPARGARO ART SPA 10
12 Ben SPIES Ducati USA 9
13 Randy DE PUNIET ART FRA 6
14 Bradley SMITH Yamaha GBR 4
15 Hector BARBERA FTR SPA 3
16 Yonny HERNANDEZ ART COL 3
17 Hiroshi AOYAMA FTR JPN 1
comments

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Јохан Зарко вели дека целта му е освојување на место на подиумот на претпоследната трка која се вози во Европа за оваа сезона.

Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање.

Валентно Роси одлучи дека ќе настапи на претстојната МотоГП трка во Арагон.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!