MotoGP

Победа за Маркез на трката за паметење на Филип Ајленд

ГН на Австралија донесе возбудлива трка со безброј претекнувања и голема борба, недостасуваше само директен дуел помеѓу претендентите за титулата, Марк Маркез и Андреа Довициозо.

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо знаеше дека го чека тежок викенд во Филип Ајленд, како да не беше доволно лошо тоа што стартуваше од 11. позиција, па веќе во вториот круг направи грешка во вториот свиок и се најде на опашката од колоната.

2017 phillip island motogp results 1

И додека тој се мачеше да спаси некој бод, напред се одвиваше возбудлива трка со безброј претекнувања.

Првите пет кругови во водство беше домашниот херој Џек Милер, а потоа на чело на колоната се менуваа Зарко, Роси, Вињалес и Маркез.

Водечката група од дури осум возачи беше хомогена се до пред 7 круга до крајот, кога Марк Маркез го превзеде водството и почна да креира предност.

Потоа од останатите се одвоија и трите Јамахи на Зарко, Роси и Вињалес, кои френетично се бореа за последните две места на подиумот.

На крајот Роси мина втор низ целта, трет беше Вињалес, а Зарко извиси за само 16 илјадитинки од секундата.

Андреа Довициозо заврши како 13. откако во последните свиоци ја загуби битката со Рединг и Педроса, па сега Марк Маркез има 33 поени предност на две трки до крајот и веќе со една рака го има пехарот.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.