24
Саб, Јун
MotoGP

Победа за Лоренцо, шампионот ќе се одлучи во Валенсија

Во генералниот пласман сега Маркез има предност од 13 бодови пред Лоренцо, а Педроса веќе не е во игра за титулата.

Следете нè на:

 

99lorenzo s5d6214 originalПобеда за Лоренцо од семафор до победничко знаме

Во генералниот пласман сега Маркез има предност од 13 бодови пред Лоренцо, а Педроса веќе не е во игра за титулата.

Иако временските прилики донесоа многу промени во распоредот пред трката за ГН на Јапонија, беа откажани сите сесии во петокот, а саботните сесии беа променети, сепак неделната трка се одржа под ведрото небо на Мотеги.

Одличниот старт на Лоренцо на трката се покажа како пресуден бидејќи на крајот бевме сведоци на негова победа во која од четвртата пол позиција во сезоната шпанецот дојде до победата на Мотеги. Валентино Роси на стартот го оддалечи Маркез од Лоренцо но тоа траеше само неколку кругови, бидејќи Докторот направи грешка по која го поминаа Маркез и Педроса. Свиокот со бр. 11 за Докторот повторно се покажа малерозен, втората грешка овојпат наместо на четвртата позиција го врати назад на деветото место. Во меѓувреме Маркез успеа да ја намали предноста на Лоренцо кој беше на екстра меки гуми за разлика од возачите на Хонда на меки гуми, но тоа беше се што видовме од нивниот дуел. По половина од трката Маркез направи грешки во свиокот бр.11, а потоа и во свиокот бр.1 по што Лоренцо направи недостижна предност за младиот возач.

До крајот немаше никакви возбудувања во борбата за првите позиции, Лоренцо возеше беспрекорно за прво место, Маркез за второ, а Педроса дојде до 12-от подиум во сезоната освојувајќи го третото место. Алваро Баутиста повторно прикажа одлично возење освојувајќи го четвртото место пред Штефан Брадл, а Валентино Роси до крајот успеа да се искачи до шестата позиција.

Поз.ПоениБр.ВозачТимМоторРазлика
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 42'34.291
2 20 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda +3.188
3 16 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda +4.592
4 13 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda +19.755
5 11 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda +22.810
6 10 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha +24.637
7 9 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +27.496
8 8 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +30.969
9 7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati +37.010
10 6 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati +42.944
11 5 21 Katsuyuki NAKASUGA Yamaha YSP Racing Team Yamaha +53.345
12 4 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki +1'03.213
13 3 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART +1'06.840
14 2 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati +1'08.218
15 1 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati +1'18.240
16   8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR +1'19.108
17   7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR +1'21.174
18   9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter +1'30.546
19   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART +2'23.358
20   71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 1 круг
21   50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 1 круг
22   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 1 круг
Без пласман
    41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 12 круга
    23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART 23 круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 23 круга

Иако трката не беше возбудлива, притисокот беше огромен, Маркез не успеа во вториот обид да ја освои титулата, па сега останува последната трка во сезоната да го одлучи шампионот. Трибините на патеката Валенсија на 10-ти ноември ќе бидат преполни, МотоГП шампионатот стана возбудлив и неизвесен со последните случувања па најдобар начин да се одреди шампионот е последната трка.

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!