20
Чет, Јул
MotoGP

Победа за Лоренцо на највозбудливата трка во сезоната

motori lorenzo-lemanХорхе Лоренцо заслужено дојде до победа на патеката Ле Ман во Франција возејќи на првата позиција од почетокот до крајот на највозбудливата трка сезонава.

 

Следете нè на:

 

 

lorenzo-leman

Хорхе Лоренцо заслужено дојде до победа на патеката Ле Ман во Франција возејќи на првата позиција од почетокот до крајот на највозбудливата трка сезонава. Поплавената патека ветуваше возбудлива трка но она што го видовме не беше во главата ни на најголемите оптимисти. Лоренцо извозе одлична трка за првата позиција но тој воопшто не беше во фокусот, главниот збор го имаа Кејси Стонер, Валентино Роси, Андреа Довициозо и Кал Крачлоу. На самиот старт и Дани Педроза беше во игра но мократа патека како да го поколеба шпанецот па не го видовме најдоброто од него. Од друга страна возачите на Јамаха Теч 3 тимот го имаа главниот збор скоро низ целата трка, секако придружувани од изненадувањето Валентино Роси. Докторот конечно го видовме во она старо препознатливо светло, борејќи се за челните позиции и на крајот финиширајќи на втората позиција.

Возачите на Јамаха Теч3 за жал не ја завршија трката како што се надеваа, на 10 круга до крајот Кал Крачлоу излета од патека во моментот кога беше на третата позиција но успеа да се врати на патеката како осмопласиран, позиција на која ја заврши трката. Неговиот клубски колега го снајде истата судбина на само три круга до крајот, излетувајќи од патеката, успеа да се врати назад две позиции подолу, но на крајот заврши на седмата позиција.

Валентино Роси беше човекот кој ги собра сита аплаузи, потсети на стариот добар „Доктор“, а битката со Стонер траше до последниот круг во кој Роси излезе како победник. Одличен кам-бек на возачот на Дукати за кој се надеваме дека нема да биде се што ќе видиме од него во сезоната.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимКм/ч
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 141.6
2 20 46 Valentino ROSSI Ducati Team 141.1
3 16 1 Casey STONER Repsol Honda Team 141.0
4 13 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 140.2
5 11 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 140.0
6 10 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 140.0
7 9 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 138.8
8 8 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 138.5
9 7 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team 138.4
10 6 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 138.2
11 5 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 137.6
12 4 54 Mattia PASINI Speed Master 137.5
13 3 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 135.8
14 2 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 135.4
15 1 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 135.0
16 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 133.1
17 7 Chris VERMEULEN NGM Mobile Forward Racing 131.3
18 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 126.8
Без пласман
9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 137.3
14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 130.5
17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 133.1

Во генералниот пласман Лоренцо повторно го има водството овојпат со 8 бодови предност пред Кејси Стонер кој го најави своето повлекување на крајот од сезоната. Поголем скок во генералниот пласман има и Валентино Роси кој се искачи за три места погоре и сега е на шестата позиција.

Поз.ВозачМоторНационалностБодови
1 Jorge LORENZO Yamaha SPA 90
2 Casey STONER Honda AUS 82
3 Dani PEDROSA Honda SPA 65
4 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 45
5 Andrea DOVIZIOSO Yamaha ITA 44
6 Valentino ROSSI Ducati ITA 42
7 Stefan BRADL Honda GER 35
8 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 35
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 33
10 Hector BARBERA Ducati SPA 26
11 Ben SPIES Yamaha USA 18
12 Aleix ESPARGARO ART SPA 12
13 Mattia PASINI ART ITA 6
14 Randy DE PUNIET ART FRA 6
15 James ELLISON ART GBR 5
16 Colin EDWARDS Suter USA 4
17 Danilo PETRUCCI Ioda ITA 4
18 Michele PIRRO FTR ITA 4
19 Yonny HERNANDEZ BQR COL 3
20 Ivan SILVA BQR SPA 1

За оние кои ја пропуштија одличната трка, највозбудливите моменти ќе можат да се погледнат на СпортКлуб каналот утре во 19.45

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!