26
Нед, Фев
MotoGP

Победа на Педроса за 28 бода разлика од водечкиот Лоренцо на 3 трки до крајот

motori pedrosa-lorenzoДани Педроса дојде до петтата победа во МотоГП шампионатот на патеката Мотеги за ГН на Јапонија. Хорхе Лоренцо со освоеното второ место во Јапонија остана на водечката позиција во генералниот пласман но предноста пред шпанецот се намали на 28 бода на три трки до крајот на шампионатот.

Следете нè на:

 

pedrosa-lorenzo

Дани Педроса дојде до петтата победа во МотоГП шампионатот на патеката Мотеги за ГН на Јапонија. Хорхе Лоренцо со освоеното второ место во Јапонија остана на водечката позиција во генералниот пласман но предноста пред шпанецот се намали на 28 бода на три трки до крајот на шампионатот.

За Педроса тоа беше 13-то искачување на подиумот сезонава со што го израмни својот рекорд од 2004-та година, но сепак свесен е дека и да продолжи во овој ритам, да победува до крајот на сезоната, Лоренцо ќе ја освои титулата. „Ние го правиме она што се очекува од нас, па навистина е штета што нема уште некој возач кој може да го држи нашето темпо. Вака јас победувам, а тој завршува како втор. Во секој случај убаво е кога чувството кога победуваш.“ 

Борбата за првото место започна со одбраната на пол позицијата на Лоренцо кој успешно ги покриваше свиоците и не му дозволи на Педроса веднаш да отиде напред. Бен Спиз успеа да дојде до третата позиција но веднаш потоа продолжи право наместо да сврти со што забележа уште еден неуспех за тимот на Јамаха сезонава. Падот на Спиз придонесе да се направи разлика помеѓу водечките двајца и останатата група на возачи, нешто што траеше до половина од трката кога Педроса конечно успеа да го помине Лоренцо. На крајот Педроса финишираше прв со предност од 4.2 секунди пред Лоренцо, а на пиедесталот се искачи и Алваро Баутиста.

Борбата за третата позиција беше крајно неизвесна и до последниот круг се чинеше дека Кал Крачлоу е човекот кој ќе застане на престижното трето место, но на возачот на Јамаха Теч3 тимот остана без гориво во последниот круг! Ситуација која одамна не сме ја виделе во МотоГП, а Мотеги е патека на која има многу кочење и нагло додавање на гас па оптимизацијата на горивото е клучна работа. Се чини дека механичарите на Теч3 тимот претераа со проценките, па Крачлоу мораше да го паркира својот мотор во последниот круг од трката.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимМоторРазлика
1 25 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 42'31.569
2 20 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha +4.275
3 16 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini Honda +6.752
4 13 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +16.397
5 11 1 Casey STONER Repsol Honda Team Honda +20.566
6 10 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda +24.567
7 9 46 Valentino ROSSI Ducati Team Ducati +26.072
8 8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati +36.724
9 7 21 Katsuyuki NAKASUGA Yamaha YSP Racing Team Yamaha +36.794
10 6 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team Ducati +1'10.729
11 5 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing Ducati +1'15.658
12 4 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART +1'22.769
13 3 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing Suter +1'24.968
14 2 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport ART +1'29.388
15 1 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini FTR +1'34.612
16 84 Roberto ROLFO Speed Master ART +1'50.853
Без пласман
35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1 круг
9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 1 круг
22 Ivan SILVA Avintia Blusens BQR 10 круга
14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 10 круга
11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing Yamaha 23 круга
68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens BQR 23 круга

Следната трка од МотоГП шампионатот се вози веќе во недела (21-ви Октомври) за ГН на Малезија на патеката Сепанг.

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!