24
Пон, Јул
MotoGP

По состанокот во Муџело, Кратчлоу и Јамаха се на иста фрекфенција

Состанокот помина во најдобар ред, но сеуште е неизвесна иднината на Крачлоу.

Следете нè на:

 

Crutchlow-13MotoGP-Jerez-TestКрачлоу е во фантастична форма, но неизвесно е каде ќе ја продолжи кариерата

Состанокот помина во најдобар ред, но сеуште е неизвесна иднината на Крачлоу.

Возачот на Monster Tech 3 Yamaha и неговиот менаџер Боб Мур го одржаа првиот состанок со шефовите на Јамаха Лин Џарвис и Масахико Накаџима по завршувањето на Италијанската трка во Муџело, и разговараат за опциите за продолжување на договорот  за наредната сезона.

Присутен на состанокот исто така беше и шефот на Monster Tech 3 Yamaha Ерве Поншарал, кој беше многу гласен во неговата желба да го задржи Британскиот возач. Резултатите на Кратчлоу се одлични оваа сезона, а неговиот темперамент привлекува големо медиумско внимание.

Поншарал е посредник помеѓу Јамаха и Кратчлоу и се обидува да обезбеди продолжување на договорот на Кратчлоу и за 2014 година. Тој ја оцени средбата како позитивна и изјави дека сите инволвирани страни добиле шанса да ги искажат своите ставови.

„Расчистивме неколку работи” изјави Поншарал. Тоа беше неопходно по негодувањето и јавниот одговор на Кратчлоу на гласините дека Јамаха планира Пол Еспаргаро да го превземе местото на Кратчлоу во Tech 3 гаражата.

Гласините за заминување во новиот тим на Сузуки продолжуваат да го опркужуваат Кратчлоу и покрај тоа што тој изјави дека негова примарна цел е останување во Јамаха.

Средбата беше можност и двете страни да ја изразат својата посветеност. „Кал знае дека треба малку повеќе да внимава но и Јамаха исто така го разбираат потенцијалот на Кал,” изјави Поншарал.

Тоа беше можност Кратчлоу јасно да каже дека она што најмногу го сака е да остане во Јамаха. Зборуваше со голема страст за неговата посветеност. „Накаџима беше воодушевен од она што го кажа Кал за Јамаха,” изјави Поншарал.

Иако и Кал и Јамаха ги кажаа своите ставови на средбата, не беше донесен никаков заклучок. И двете страни мора да ги проучат своите опции пред да биде потпишан договор. Ситуацијата би требало да се реши до крајот на Јуни. „Работите ќе бидат многу појасни до Асен,” изјави Поншарал.

Кратчлоу сака да има договор со фабрички тим, но ситуацијата е комплицирана од фактот дека наредната година такво место е достапно само во Дукати и Сузуки. И двата потези би биле ризични. Дукати покажуваат знаци на подобрување но сепак се далеку од Хонда и Јамаха, а сеуште не се знае каков ќе биде Сузуки.

Останувањето во Јамаха веројатно би била неговата најдобра опција, особено доколку ја убеди фабриката да му даде поголема подршка. Но тоа би значело промени во политиката на Јамаха, нешто за кое тие не се подготвени во моментов.

Можноста да го изгубат Кратчлоу кој се наоѓа на четвртото место во шампионатот, има освоено два подиума и има предност од 24 поени пред вториот возач на Јамаха валентино Роси, можеби би било доволно за да ја убеди Јамаха.

Проблемот на Кратчлоу може да се реши доколку Валентино Роси реши порано да се пензионира. Роси се врати во Јамаха со цел да се бори за победи и места на подиумот, но засега неуспеа да ги постигне очекуваните резултати. Тоа делумно се должи на времето потребно да се прилагоди на променетата Јамаха М1 како и поради неколку погрешни одлуки.

Роси имаше две несреќи оваа сезона, падна во Ле Ман, а потоа имаше судир со Алваро Баутиста во Муџело. Доколку тој не успее да освојува редовни подиуми, постои можност тој да се повлече од MotoGP пред крајот на неговиот договор.

Доколку се повлече на крајот на оваа сезона, тогаш би се ослободило место во фабричкиот тим на Јамаха. Со оглед на неговата сегашна форма, Кратчлоу би бил идеален кандидат за да го пополни испразнетото место. Тоа би ги решило проблемите и на Јамаха и на Кратчлоу но ќе го остави Поншарал со празни раце.

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!