Данило Петручи изјави дека ќе биде подготвен за првата MotoGP трка која ќе се оддржи во Катар

Данило Петручи имаше три часовна операција на неговата десна рака. Тој се повреди за време на последниот ден од тестот кој се оддржа на Филип Ајленд. Возачот на Pramac Ducati, скрши три коски на десната рака при падот што го доживеа на осмиот свиок на патеката на Филип Ајленд.

Веднаш по операцијата, Петручи изјави дека ќе биде подготвен за првата трка од овогодинешната сезона која ќе се оддржи во Катар од 17ти до 20ти Март.

petruci

Петручи, исто како и неговиот тимски колега Скот Рединг, настапува со Ducati GP15 Desmosedici. Досега тој два пати беше најбрз на официјалните MotoGP тестови, првиот пат во Сепанг, а вториот пат на патеката во Австралија.

Пред да ја доживее несреќата, Италијанецот заостануваше само 0.864с. од најдоброто време на патеката.

Back To Top