24
Сре, Мај
MotoGP

Петручи најбрз на првиот ден на Филип Ајленд

Денеска на патеката Филип Ајленд започна вториот пред сезонски МотоГП тест

Следете нè на:

 

Првиот ден од вториот MotoGP тест се оддржа на влажни услови на Филип Ајленд во Австралија. Тестот почна со дожд, а веднаш откако се подобри времето, Марк Маркез го презеде водството од Кал Кратчлоу. Попладнето, времето повторно се наоблачи. 

Во текот на попладневните часови на момент престана да врне и тогаш имаше голема активност. Возачите на Pramac Ducati, Данило Петручи и Скот Рединг во тој момент имаа најдобро време. Потоа повторно заврна.

danilo paДанило Петручи забележа најдобро време на првиот ден од тестот

При крајот на денот повторно имаше период кога не врнеше. Петручи успеа да го одбрани времето кое го постигна и заврши пред возачот на Suzuki,  Маверик Вињалес.

Новиот  возач на Marc VDS, Џек Милер се врати на патеката откако го пропушти тестот во Сепанг поради повреда на ногата. И Јуџин Лаверти, кој ја повреди ракате на патеката во Сепанг, исто така беше на патеката.

Aprilia не присуствуваше на тестот. Тие одлучија да го пробаат новиот RS-GP на приватен тест во Катар.

Следните тестирања ќе продолжат во четврток и петок. 

1.Danilo Petrucci ITA Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15)1m 31.764s [Lap 11/12]
2.Maverick Viñales ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)1m 32.483s +0.719s[20/20]
3.Bradley Smith GBR Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)1m 32.590s +0.826s[27/27]
4.Scott Redding GBR Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15)1m 32.864s +1.100s[33/41]
5.Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V)1m 32.948s +1.184s[21/21]
6.Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1)1m 33.088s +1.324s[26/27]
7.Pol Espargaro ESP Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)1m 33.126s +1.362s[20/20]
8.Yonny Hernandez COL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2)1m 33.841s +2.077s[6/6]
9.Jack Miller AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V)1m 33.992s +2.228s[6/6]
10.Andrea Iannone ITA Ducati Team (Desmosedici GP15/16)1m 34.049s +2.285s[7/9]
11.Tito Rabat ESP Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V)*1m 35.273s +3.509s[28/29]
12.Marc Marquez ESP Repsol Honda Team (RC213V)1m 35.354s +3.590s[18/20]
13.Aleix Espargaro ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)1m 35.584s +3.820s[2/2]
14.Eugene Laverty IRL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2)1m 35.679s +3.915s[5/10]
15.Takuya Tsuda JPN Suzuki Test Rider (GSX-RR)1m 36.166s +4.402s[6/6]
16.Jorge Lorenzo ESP Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1)1m 39.825s +8.061s[14/24]
17.Dani Pedrosa ESP Repsol Honda Team (RC213V)1m 40.138s +8.374s[15/15]

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!