MotoGP

Петручи: Aprilia ми даде добра понуда

„Aprilia ми даде добра понуда но јас преферирам да имам компетитивен мотоцикл“ – Данило Петручи

Следете нè на:

 

За време на Германската MotoGP трка беше објавено дека Петручи ќе остане во тимот на Pramac Ducati и во сезоната 2018. Италијанецот, кој успеа да го победи тимскиот колега Скот Рединг во натпреварот за тоа кој ќе вози со GP17, ја има својата најдобра MotoGP сезона досега откако на последните четири трки два пати успеа да се искачи на подиумот а три пати се најде во првиот ред на стартот на трката.

IMGP7552

Во текот на зимската пауза, за време на првите тестирања, ваквиот настап се чинеше премногу далеку. Петручи се соочуваше со технички проблеми, а Алваро Баутиста и Рединг, кои настапуваа со GP16 беа во далеку подобра форма. Но среќата на Италијанецот конечно се промени откако успеа да постигне висок пласман на трката во Муџело, а исто така и победи на трката која се возеше во Асен.

Таквиот настап го привлече вниманието на другите тимови, пред се Aprilia. Петручи од претходно имаше изјавено дека за време на летната пауза ќе одлучи околу својата иднина. „И двата тима, Ducati и Aprilia, сакаа да направат пауза и ми кажаа дека мора да одлучам. Мораме да имаме јасна претстава во однос на нашата иднина.“

„Искрено, во овој момент не ми одговараше промена на тимот. Навистина ми се допаѓа тука. Го сакам Ducati. А замислете си да му кажев на Pramac: Во ред, ќе одам во Aprilia. Вториот дел од сезоната ќе беше многу тежок. “

„Pramac ми го овозможи најголемиот напредок во кариерата, ми дадоа најголема помош. Затоа сакав да останам со нив. Aprilia ми даде многу добра понуда. Сакам да им се заблагодарам но сега преферирам да имам компетитивен мотоцикл и компетитивен тим.“

Иако се уште не е потврдено, 26 годишниот возач во следната сезона ќе вози со најновата машина на Ducati, односно онаа со која ќе возат и Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо.

„Ќе возам фабрички мотоцикл, исто како и оваа година,“ потврди Петручи.

Со тоа што потпиша само едногодишен договор, Петручи во сезоната 2019 би можел да биде дел од некоја фабричка екипа со оглед на фактот дека им истекуваат договорите на неколку возачи.

Италијанецот имаше добар старт на трката која се оддржа во неделата но потоа се појавија проблеми кај мотоциклот.

„После шест или седум круга почна многу тешко да се отвора гаста. На правец сите ме претекнуваа, а навистина е тешко да претекнете мотоцикл на Ducati на правец. Пол ме претекна кога возев во четврта брзина.“

„Возев со средни пневматици. Тоа е помалку чудно бидејќи Лоренцо и Довициозо настапија со средни. Можеби Michelin треба да ги провери податоците. Ние ги проверивме и забележавме дека има проблеми.“

„Навистина ми е жал за мојот тим но мораме што е можно побрзо да ја заборавиме оваа трка.“

Иако следува летната пауза, Петручи потврди дека ќе има приватен тест на патеката во Муџело на 19-ти и 20-ти јули. Неговиот тимски колега, Скот Рединг, се уште не донел одлука околу неговата иднина.

comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!