25
Нед, Јун
MotoGP

Педроса подготвен за тестот во Остин

Дани Педроса, подготвувајќи се за својата осма MotoGP сезона, ќе се приклучи на мала група на возачи кои ќе имаат шанса да ја тестираат новата патека во Остин за време на приватниот тест кој ќе се одржи оваа недела.

Следете нè на:

 

2013-Sepang-1-D3Pic-3Педроса на првиот тренинг на Сепанг

„Имаме многу дополнителни работи кои треба да ги направиме со менувачот и гумите. Возачите исто така ќе треба да се прилагодат на новата патека“- Дани Педроса

Дани Педроса, подготвувајќи се за својата осма MotoGP сезона, ќе се приклучи на мала група на возачи кои ќе имаат шанса да ја тестираат новата патека во Остин за време на приватниот тест кој ќе се одржи оваа недела.

Минатогодишниот вицешампион Педроса, доминираше на предсезонските тестирања, водејќи во пет од шесте дена во Сепанг, Малезија.

Но, приватниот тест во Остин ќе биде нов предизвик за искусниот шпанец. Последен пат кога MotoGP се оддржа на нова патека беше во 2010 година, кога Silverstone и Aragon беа додадени на календарот.

„Нашите погледи се насочени кон Остин. Имаме многу дополнителни работи кои треба да ги направиме со менувачот и гумите. Возачите исто така ќе треба да се прилагодат на новата патека“

Тестот ќе се оддржи од Вторник до Четврток. Патеката во Остин, на која се одржа F1 трката на крајот на минатата година, ќе биде домаќин на втората трка од MotoGP шампионатот.

Со оглед на силата која ја покажа Honda во втората половина од минатата година- победувајќи на осум од последните девет трки - Педроса изјави дека немало никакви радикални промени на RC213V.

„Мислам дека основите на моторот се доста добри сега“ изјави тој. „Од првиот тест во Сепанг имавме забелешки за работи кои не беа на прво место-како суспензијата, некои работи со мапирањето и дистрибуцијата на тежината. Ништо како нов мотор или шасија. Моторот беше ист, а возењето повеќе или помалку слично.“

Бидејќи немаше големи промени кај моторот, Педроса имаше чувство дека најважниот дел од тестирањето е запознавањето со новатата опрема на патеката која добро ја знае.

„Многу е важно да дознаете што е можно повеќе за моторот. Кога ќе промените нешто на моторот, како тој ќе реагира“ изјави тој.

„На првиот тест во Сепанг менувавме работи но на вториот тест промените беа мали“

На тестот во Остин покрај Педроса ќе бидат и неговиот тимски колега Марк Маркез, Штефан Брадл од LCR Honda  како и Хорхе Лоренцо и Валентино Роси од Yamaha.

Третиот и последен официјален тест, на кој ќе бидат присутни сите тимови и возачи, ќе се одржи во Херез од 23 до 25 Март.

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!