Возачот на Repsol Honda со нетрпение го очекува следниот предизвик.

Сезоната досега беше многу потешка за MotoGP ветеранот Дани Педроса отколку за неговиот тимски колега Марк Маркез, но, дечкото од Сабатели по летната пауза е многу посконцентриран и е подготвен да даде се од себе во вториот дел од шампионатот, почнувајќи од трката која ќе се оддржи овој викенд во Австрија. Поранешниот светски шампион со нетпрение чека да почне со работа и за прв пат да вози на патеката во Австрија со MotoGP мотоцикл.

26 dani pedrosa esp gp 2757.big

Дани Педроса: Многу добро ми дојде времето кое го поминав на одмор со моите пријатели, но сега е време повторно да се фокусираме на работата. Минатиот јуни поминавме еден период на патеката Red Bull Ring и извозевме неколку кругови со RC213V-S кој е брз и неверојатен мотоцикл. Патеката се наоѓа во средина на шума, навистина е убаво местото. Патеката е кратка но и покрај тоа е интересна бидејќи ветерот многу често ја менува насоката, а патеката има и многу широки делови. Мислам дека најтежок дел ќе биде претекнувањето. На неколку места ќе треба силно да се притисне сопирачката и на кој ќе можете да претекнете некого бидејќи тука патеката е поширока. Повеќето свиоци се на десно отколку на лево. Интересно е и бидејќи на дел од патеката се качувате нагоре па потоа се спуштате. Со нетрпение чекам да видам како ќе се однесува нашиот мотоцикл. Се надевам дека ќе имаме добра трка и добар викенд. 

Back To Top